Македонија
Започнува заштитата од град со авионско засејување на облаците
Објавено на
Од
Media Press
Управата за хидрометеоролошки работи го потпиша договорот за јавниот оглас „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, со што започнува и реализацијата на заштитата од временски непогоди (град) со авионско засејување на облаците.
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски, на спортскиот аеродром Стенковец, присуствуваа на првиот пробен лет на авионите коишто ќе вршат засејување на облаците.
„Со овој модерен систем на заштита од град ќе придонесеме да не се повторуваат штетите на земјоделското производство предизвикани од временски непогоди и ќе го заштитиме трудот на земјоделците. Овој начин на заштита е еден од најсовремените, неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса“, изјави министерот Димковски.
Вредноста на проектот за авионско засејување на облаците е околу 60 милиони денари, кои се обезбедени преку Програмата за рурален развој. Директорот на УХМР, Тодоровски посочи дека оваа метода вклучува засејување на градонoсните облаци со реагенси, односно со сребрен јодид.
„Откако редарските центри на УХМР ќе ја детектираат нестабилната воздушна маса во која се создава градот, јавуваат до економскиот оператор и тој треба во најбрзо време и на најквалитетен начин да изврши засејување на воздушните маси со сребрен јодид “- изјави директорот Ивица Тодоровски.
Засејувањето на облакoт е засновано на концептот на „корисна конкуренција“ што значи дека зрната град што се формираат во рамките на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали димензии.Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем на заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди, и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојува за за исплата на обештетувања
Поврзани содржини

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

