Connect with us

Радовиш

Забрана за движење околу стрелиштето заради боево гаѓање од страна на ОВР Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

На 21 и 22.05.2020, со почеток од 07:00 до 15:00 часот од страна на припадниците на МВР од ОВР Радовиш, ќе се изврши боево гаѓање на м.в. „Чешмеџик“ атар на Радовиш.

Движењето на граѓаните во пределот на стрелиштето е строго забрането во дадените временски периоди.

Радовиш

Дали Југоистокот е ново жариште на корона вирус? Во Радовиш 8 нови случаи а во Струмица 15

Виолета | Media Press

Published

on

Осум пациенти починаа, а 144 се новозаразени од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. 

Continue Reading

Радовиш

Општина Конче ќе го уредува коритото на Дединска река, со што ќе се намали ризикот од поплави

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Конче започна со реализација на проектот за уредување на течението на Дединска река, со регулација на речното корито и изградба на цевести пропусти, со што ќе се намали ризикот од поплави.

Проектот е финасиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, во вредност од околу 150 илјади евра.

Денеска во Дедино беше  извршена презентација на проектот од страна на проектниот менаџер Верица Гогова, а градоначалникот Благој Илиев го  истакна значењето на овој проект за локалното население.

Градоначалникот на Општина Струмјани од Бугарија, која е  проектен партнер, поради актуелната ситуација со корона кризата  се обрати преку видео порака.

Градоначалникот Илиев по завршената презентација изврши увид на градежните активности на реката и уште еднаш го потенцира значењето на овој проект за Дедино и за регионот воопшто .

Дединска река е  стрмна и брза река која при обилни дождови има однесено и човечки животи. Општина Конче даде приоритет на овој проект со цел безбедно поврзување на двете страни на селото и избегнување на природни катастрофи. Истиот се очекува да заврши до месец јули наредната година.

Continue Reading

Радовиш

Исчезнала 40 годишна жена од Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Имено вчера било пријавено во Полициска станица Радовиш дека жената се одалечила од својот дом во непознат правец и не се вратила.

 „На 17.09.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.Т.(31) од Радовиш пријавил дека од домот во Радовиш се оддалечила Ж.Д.(40). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, стои во известувањето од СВР Струмица.

Continue Reading