Connect with us

Радовиш

Радовиш го решава проблемот со водоснабдувањето

Avatar

Published

на

  Проблемот со водоснабдувањето во Радовиш кој го имаше посебно во летниот период целосно ќе биде решен.  Во завршна фаза е новиот резервоар за вода на Коџа Баир  во Радовиш, проект кој се реалзира преку програмата за водовод и канализација.

 Проектот опфаќа изградба на нов цевковод од нов резервоар во Коџа Баир до нов резервоар во Куклевица. Нов цевковод од населба Раклиш до резервоар во Куклевица  и нов цевковод до дистрибутивната мрежа. Потисен цевковод од пумпна станица Куклевица до спојна шахта Раклиш. Набавка, инсталација и пуштање во употреба на мерно регулаторна опрема. Денеска беше извршено и првото тестирање на новиот потисен цевковод од пумпна станица Куклевица до новиот резервоар на Коџа Баир.

Вредноста на  проектот е околу 53.300.000 денари средва кои Општина Радовиш и  ЈП Плаваја ги обезбедија преку KFW Банката.

 Инаку во овој период Општина Радовиш наликува на вистинска градежна офанзива, се  резелизираат повеќе проекти. Во тек е реконструкција и асфалтирање на делница од 7 километри  од Регионалниот пат кон планината Плачковица, проект кој се реализира после 40 години.

Изградена е нова улица со мал булевар во Коџа Баир со што за  граѓаните кои што живеат во овој дел на градот е решен еден голем проблем околу пристапот до своите домови. Тие коментираат дека конечно повеќе нема да газат кал, посебно во зимниот период.   Во завршан фаза е и кракот на улица Дане Трајков. Во тек се градежните активности  на  мостот на реката Марлада во Раклиш, на коритото на р.Сушица, и на повеќе улици во општината.

Од денеска започнаа градежните работи за  уредување на новиот паркинг простор за потребите на полициската станица, позади општинската зграда, со што  вработените ќе имаат свој паркинг простор.

Од Општина Радовиш информираат дека наскоро  ќе започне  обновата на другата коловозна лента на булеварот А.Македонски и изградба на улици во селата Јаргулица,Калугерица, Ораовица и центарот на Покрајчево. А  Подареш ќе добие ново мултифункцинално игралиште.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе