Connect with us

Конче

Наскоро атрактивна „Сончева езерска населба Мантово“ во Општина Конче, проектот е во финална фаза

Виолета | Media Press

Published

on

 Во завршна фаза е проектот за подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово во Општина Конче, проект кој се очекува да го зажииве езерскиот и рурланиот туризам во општината,  финасиран од Европската унија и од Владата.

 Со овој проект градоначалникот Благој Илиев очекува дека ќе заживее туризмот во ова атрактивно  планинско и еколошки чисто место покрај езерото Мантово каде има изградено околу 200 викенд куќи. Општина Конче има услови за развој и на рурланиот туризам

Проектот е во рамките на програмата  за локална и регионална конкурентност, администриран од Светска Банка, а го изведува Општина Конче. Со реализацијата на овој проект Сончева езерска населба Мантово ќе добие сосема нов, атрактивен изглед со сите потребни услови за развој на туризмот.

Конче

Боров Дол го поддржува инфраструктурниот развој во Општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Новиот рудник за бакар Боров Дол започна да учествува во финансирањето на инфраструктурни проекти за реконструкција на локалната патна мрежа во општина Конче.

Боров Дол донираше финансиски средства во висина од 7.700 eвра на општина Конче, наменети за изработка на проектна документација за целосна реконструкција на дел од локалниот пат до с. Габревци и на локалниот пат од  Долни Липовиќ до  Горни Липовиќ.

Градоначалникот Благој Илиев изрази благодарност до менаџерскиот тим на Боров Дол, без чија подршка  немаше да се реалзираат овие два проекти.

Реконструкцијата на постоечката локална патна инфраструктура во Конче, пред се ќе овозможи развој на економијата, транспорт на добра и услуги и социјално поврзување на граѓаните на општина Конче, сметаат од Боров Дол, од каде најавуваат дека ке продолжат со подршка за развој на општината.

 „Модернизацијата на патната инфраструктура ќе овозможи и полесно и побезбедно патување на населението кое што живее и работи во овој дел од општината.

Боров Дол ги поддржува проектите кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните од локалните заедници во кои што работи, а унапредување на патната мрежа во Конче ќе придонесе за економскиот развој на самата општина“, велат од  Боров Дол.

Continue Reading

Конче

Утре ќе се одржи инфо ден од програмата ИПАРД 2014 – 2020 во Општина Конче

Виолета | Media Press

Published

on

Општина Конче ќе биде домаќин на инфо ден– како дел од програмата ИПАРД 2014 – 2020 организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот ќе се одржи утре, односно на  28.07.2020 година (вторник) во дворот на Општина Конче со почеток во 11:00 часот.
„Воедно ги покануваме сите засегнати страни да учествуваат, со цел да се надгради нивното знаење и како крајна цел да се добијат квалитетни апликации за ИПАРД програмата согласно јавните повици кои се во тек (МЕРКА 1)“ стои во известувањето од  Подрачното одделение од Радовиш.
Од каде ги покануваат земјоделците, преработувачите, земјоделското стопанство и сите останати потенцијални корисници на ИПАРД програмата, да земат учество на инфо деновите, заради поголема информираност.

Настанот ќе биде организиран согласно протоколот според кој  се одржуваат овие настани. Истиот е изготвен според упатствата на Владата усвоени со Уредба за време на пандемија и препораките на Комисијата за заразни болести.

Continue Reading

Конче

(ВИДЕО) Ќе ја олесни ли маката на тутунарите денешниот слаб дожд

Виолета | Media Press

Published

on

Во тек е созоната на садење тутун.Тешка е земјоделската мака велат земјоделците од радовишко- конечкиот крај, посебно во овој период кога е сезона на садење тутун. Се бориме со сушата и со црвеницата велат тутнарите од Општина Конче.  За садење со машина велат тие потребни се 4 лица.

Можевби денешниот дожд ќе им ја олесни малку маката на тутунарите барем нема да морат да наводнуват, како што велат тие. Некои кои не сакаа да зборуват пред камера велат дека најтешка е оваа фаза од производството на тутун, садењето. Потоа е полесно секој сам си работи и не мора да се групираат по 4 -ца на трактор и еден за наводнување.  Основна дејност на земјоделците од Општините Радовиш и Конче им е тутунот, како производ за кој има сигурен откуп и од кој егзистираат жителите од речиси сите населени места од овие општини.

Во општината Конче што важи за голем производител на тутун, многу од земјоделци се откажаа од садење на оваа култура поради тешката работа и ниската  откупна  цена како што велат при  крајот од откупната сезона. А многу од луѓето од селата во оваа општина си заминале во странство во потрага по подобра егзистенција.

Инаку  годинава, вкупно  во земјава се подигнати 33.090 евидентни листови од подрачните единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што е за 4.000 повеќе од ланските 29.090 евидентни листови кои се виза за производството  на тутун. Во споредба со ланското производство од 27.000 тони, годинава се очекува реколта од околу 30.000 тони тутун.

Continue Reading