Connect with us

Македонија

Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска подршка

Виолета | Media Press

Published

on

Владата на својата вчерашна, 52-ра седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот за 2020 година.
Исто така на вчерашната седница се донесени измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето во вонредна состојба со која забраната за движење од 19:00 до 05:00 часот сега важи за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата над 67 години, како и децата и младите до 18 години.
Владата вчера ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија.
„Имајќи ги предвид сите предизвици кои произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство.
Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Република Северна Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Република Северна Македонија.

Владата донесе изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците. Со Уредбата се предвидува продолжување на рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на должниците – правни и физички лица и тоа за 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Исто така, беше донесена и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.
На оваа седница е донесена измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот за исполнување на обврската за поднесување гаранција за обезбедување на плаќањето на акцизниот  долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување. Имено, приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник, треба да поднесат гаранција заклучно со 31 декември 2020 година, како дополнителна олеснителна мерка во услови на ширење на коронавирусот КОВИД-19.
На вчерашната седница донесено е дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини, со која се уредуваат причините и постапката за времено запирање на вршењето на експлоатацијата на доделени концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини од страна на концедентот во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува здравјето на населението.
Владата донесе и дополнување на Уредбата за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот. Со измената, се проширува вршењето надзор врз спроведувањето на оваа мерка, за што овластувања добиваат и Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните редари“, стои во соопштенито од Влада.

Избори 2020

Чулев: МВР има капацитети да спроведе мирни фер и демократски избори

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  вели дека МВР има капацитети  предвремените  парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули да бидат мирни, фер и демократски. И покрај тоа што овие избори се специфични и се одвиваат во време на пандемија и ќе траат три дена.

Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба.

Критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности се мапирани и како што најавува Чулев истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Continue Reading

Македонија

Се уште висок број на заболени од Ковид – 19, 7 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19. Новозаразените се во овие градови:-Скопје 71, Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2 и во Ресен 5 лица.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Continue Reading

Македонија

Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Виолета | Media Press

Published

on

Пандемијата силно ја погоди медиумската индустрија во земјава. Новинарските куќи се принудени да носат тешки одлуки: Kој ќе остане, а кој ќе си оди? Новинарите, пак, се соочуваат со финансиски, психолошки, социјални, но и етички и професионални проблеми повеќе отколку пред пандемијата. Двајца медиумски работници досега ја загубија битката со коронавирусот, што покрај стравот за економско-социјалната безбедност го зголемува нивото на страв кај медиумските професионалци кои секојдневно при извршувањето на своите редовни работни задачи се ставаат во ризик од заразување. На 62% од медиумските работници начинот на работа за време на пандемија, им влијае на мнеталното здравје.

Ова се дел од заклучоците извлечени од истражувањето на Синдикатот на новинари и медиумски работници направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници, вработени во различни медиуми. Загрижува фактот што дури 30% од анкетираните одговориле дека познаваат некој што останал без работа за време на корона пандемијата. Седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата. Помали плати пристигнале на трансакциските сметки кај дваесет и пет од анкетираните . На седуммина платата им била скратена за 30%.

Заради интервју со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бев казнет со 15% од плата еден месец”.

Ова е одговор на новинар кој бил казнет на своето работно место, поради сработеното. Градоначалникот излезе позитивен, па потоа негативен на коронавирусот, а новинарот заработил небулозна казна за која речиси никој и не разбра. Причините останаа непознати. Најголемиот страв на сите граѓани го делат и медиумските работници. Губењето на изворот на егзистенција. Овој шок бил приреден на четворица медиумски работници кои останале без работа во најголемиот пик на пандемијата. Промените со коронавирусот се одразија на сите полиња. Четириесет и пет проценти oд испитаниците одговориле дека им е потребна заштитна опрема и сега и во следниот период, додека 22 посто дека сопствениците не им обезбедиле заштитна опрема.  Медиумските работници се жалат и на намалување на квалитетот на животот. Дури 62% одговориле дека овој начин на работа им влијае врз менталното здравје .

Три месеци работам втора смена до 23 часот навечер за да готвам, чувам деца и да учам со нив додека дојде сопругот”, вели една новинарка.

Новинарите се во макотрпна битка во вителот на лажните вести, се троши последниот атом енергија за да се дојде до точни и навремени информации. Најчестите одговори на испитаниците во врска со транспарентноста на институциите се дека во текот на ковид кризата голем дел од прашањата до институциите останувале неодговорениДополнително, во обид да ги заштитат граѓаните од дезинформации, ја губат силата да се изборат во сопствениот “двор”. Се наѕира канонада од тешки удари врз работничките права. Насекаде. Новинарите веќе гласно бараат помош од синдикалната организација, истакнува Синдикатот.

Continue Reading