Connect with us

Технологија

Google Meet против Zoom: Која конференциска алатка е подобра

Александар | Media Press

Published

on

Google Meet е бесплатен за користење со твојотата G Suite претплата за неограничена видео конференција или за состаноци до еден час. Програмот е многу едноставен и ги има сите алатки што ви се потребни за продуктивен состанок.

Од друга страна, алатката Zoom е најдобар програм за поврзување опрема за конференција како телекоми и камери за да се дозволи повеќе луѓе да се приклучат од различни уреди. Тој е малку поскап од Google Meet и наплаќа за конференциски повици.

Предности на Платформите

Алатки за соработкаСподелување на екранот
Бесплатна корисничка сметкаИспраќање датотеки на разговорот
Приклучување на опрема за конференцијаСлободен за користење
Работи со сите оперативни системиБез дополнителни трошоци за учесниците
До 500 членови во конференцијаДополнителни алатки со G Suite претплата

Негативности на Платформите

Трошоци за учесницитеЛош преглед на програмот
Мора да ги оневозможите блокатори за pop-upПомалку учесници во повикот
Несигурен за корисниците на Mac

Кратка споредба

Google Meet и Zoom многу слични. Двете имаат алатки за соработки, двете поддржуваат видео повици. Генералната разлика меѓу нив е во бројот на учесници во повикот и цената за користење на платформата. Бројот на учесници во видео повик или конференција кај Google Meet е 250 и е двојно помал од бројот на поддржани учесници во Zoom, односно 500 учесници. Цената на користење е 100 долари за месец кај Zoom додека Google Meet е бесплатно и интеграцијата на електронската пошта кај Google Meet е поддржана Gmail и Outlook додека кај Zoom е само поддржана Outlook електронската пошта на Microsoft.

Генерално овие платформи се исти, која ќе ја одберете зависи лично од вас и вашите потреби. Доколку сакате повеќе членови да бидат присутни на видео повикот, изберете го Zoom. Доколку ви е потребен за лични контакти и помали групи, и не ви е важно дали разговорот ќе биде снимен за да можете да го преземете за архива, изберете Google Meet

прикажи повеќе
Advertisement

Технологија

Системот за пораки на Facebook, Instagram и WhatsApp се спојува во една апликација

Александар | Media Press

Published

on

Од „Facebook“ уште претходната година најавија дека апликациите „Messenger“, „WhatsApp“ и „Instagram“ ќе бидат споени во заедничка платформа за размена на пораки.

Веќе корисници во САД забележуваат дека после ажурирање на апликацијата „Instagram“ на најголемите оперативни системи iOS и Android им се менува изгледот на вградениот систем за размена на пораки.

После ажурирањето, освен изгледот на апликацијата се добиваат и опциите од „Messenger“
односно реакции со емотикони на пораки и одговарање на специфични пораки како во „WhatsApp“.

Со ова започнува фазата на тестирање на дологорочниот план на „Facebook“. Односно, спојување на сите платформи за пораки во една со цел да се овозможи полесна комуникација меѓу нив. Според плановите на „Facebook“, целиот систем се очекува да стапи во функција во текот на 2020 година.

Continue Reading

Технологија

Најновата технологија на брзо полнење допринесува до 50% полнење на батеријата за пет минути

Александар | Media Press

Published

on

Qualcomm® Quick Charge™ технологијата е број еден метод за брзо полнење. Петата серија на оваа технологија е најбрзото светско комерцијално решение кое носи неверојатни резултати со полнење на телефоните до 50% за околу пет минути со нови технологии и безбедносни карактеристики.

Од компанијата истакнуваат дека Qualcomm® Quick Charge™ 5 во споредба со претходната генерација доаѓа со 70% поголема ефикасност и многу поголема брзина на полнење на батеријата. Ова се однесува на “dual charging” решението, кое всушност батеријата ја дели на две 2250mAh ќелии, кои се поврзани за да се зголеми напонот.

Оваа технологија доаѓа со два пати поголеми брзини и многу нивоа на заштита. Поставени се осум нивоа на наднапонска заштита, три нивоа на термичка заштита и три нивоа на прекуструјна заштита во системот на полнење.

Continue Reading

Технологија

Хакирани веб страниците на Министерството за Здравство и Министерството за Образование

Александар | Media Press

Published

on

Официјалната веб-страница на Министерството за здравство не функционира, станува збор за хакерски напад кој синоќа ја сруши и официјалната веб страница на Министерството за Образование .

Од таму соопштуваат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Целата одговорност за хакерските напади ја презеде групата која стои зад профилот„anonopsmkd“, која исто така ја презеде и одговорноста и за паѓањето на страницата на Тајм.мк.

„Сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, напишаа хакерската група AnonOpsMKD.

Continue Reading