Connect with us

Радовиш

Со заедничката акција на надлежните институции од Радовиш, до успешно справување со дрвокрадството

Media Press

Објавено на

Со заедничката координирана акција  на радовишката полиција,  шумската полиција и вработените од Национални шуми, успешно справување со дрвокрадството во Општина Радовиш во борба против дрвокрадството. Се почесто се случува да бидат откриени дрвокрадци или купувачи на бесправно  сечено огревно дрво во општината.

Oколу 15 метри кубни бесправно сеченo огревно дрво минатата недела  пронашла полицијата во двор од семејна куќа на регионален пат Радовиш-Конче. Раководителот на ЈП Национални Шуми Димче Анастасов вели дека ќе продолжат со ваквите акции со цел да се заштитат шумите.

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов јавно го актуелизира проблемот околу дрвокрадството и лично се заложи надлежните институции да ги засилат контролите како во шумските појаси и патишта, така и во дворовите.

 Инаку пред околу  две недели по одржувањето на заедничкиот состанок на надлежните институции на иницијатива на градоначалникот Конзулов, бе видливи и првите резултати. Беа одземени осум запрежни коли натоварени со огревно дрво, беше пронајдено огревно дрво во двор на радовишанец,  на лице место беше фатен препродавач на дрво на улица Коџа Баир. При оваа акција беше присутен и градоначалникот Конзулов кој лично се заложи за стопирање на дрвокрадството во Општина Радовиш.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе