Connect with us

Радовиш

Основен суд во Радовиш доби нов претседател

Александар | Media Press

Published

on

На оддржатаната 339-та седница одржана на ден 07.05.2020 година Судскиот совет на Република Северна Македонија донесе одлука за промена на претседателите на основниот суд во Радовиш и Струмица.

Судијата Лила Цветаноска е избрана за претседател на Основен суд Радовиш додека судијата Емил Глигоров е избран за претседател на Основен суд Струмица.

Нови претседатели на суд во наредниот период ќе добијат и Апелационен суд Гостивар, Апелационен суд Штип, Основен суд Виница и Основен суд Кратово. Во одлуката стои дека Основен суд Берово, Основен суд Виница, Основен суд Гостивар, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци и Основен суд Кичево ќе добијат по еден нов судија.

Двајца судии се упатени на судиски функции да извршуваат во Основен суд Берово и Основен суд Виница, односно Марина Здравкова од Основен суд Штип е упатена во Основен суд Берово и Спиро Борисов од Основен суд Кочани е упатен во Основен суд Виница. Двајцата судии своите функции ќе ги извршуваат една година

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Санирани пешачките патеки на 4 мостови во Радовиш, изградени се и пристапни рампи за инвалидизирани лица

Виолета | Media Press

Published

on

Извршена е санација на  пешачките ленти на 4 мостови во Радовиш, кои беа во незавидна состојба. Изградени се и пристапни патеки на мостовите како и на неколку места на тротоарот покрај кејот на Радовишка река. Конечно на лицата со телесен инвалидитет кои користат инвалидска количка како помагало за да се движат, како и на младите мајки со бебешки колички, им  олеснет пристапот до мостовите како и  движењето по тротоарот. Од високите рабници на тротоарите тие не можаа да пристапат на пешачките зони.

Исовремено беше извршено целосно асфалтирање на мостот кај Здравствениот дом  во Радовиш на кој при  секое врнежливо време се собираше вода. Овие активности се во рамките на програмата за тековно одржување на улиците и пешачките патеки во Радовиш. Извршено и обележување на хоризонталната  сигнализација на бул. Александар Македонски, на кој пред 10-тина дена  беше асфалтирана и втората лента.

Continue Reading

Радовиш

Рудникот Бучим континуирано ќе работи се до отпочнување со работа на Боров Дол

Виолета | Media Press

Published

on

Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ја заврши првата половина од оваа работна година, согласно предвидената програма. До крајот на Јуни заврши експлоатацијата на рудата на површинскиот коп, рече заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов.

Според Николов нема да има прекин во производниот процес до отпочнувањето со работа на новиот рудник Боров Дол, освен подготовките и нужните ремонти во флотација во текот на месец јули. Во овој месец 40-тина вработени се на принуден одмор, секако во договор со нив, рече Николов, но сепак ќе им биде исплатено 70% од платата.

Continue Reading