Connect with us

Македонија

Комисијата за заразни болести со Предлог-план до Владата, за олабавување на мерките

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со коронавирусот во земјава и го соопшти предлог планот на Комисијата за заразни болести за намалување на рестриктивните мерки.

„Денеска се регистрирани пет оздравени пациенти, во Скопје и во Неготино. Потврдени се десет нови случаи, во Скопје – 6, Куманово – 2, Прилеп и во Велес по еден новодијагностициран пациент. На Инфективната клиника, за жал има еден починат пациент од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја, од почетокот изнесува 1.674, оздравени 1.205, починати 92 и активни пациенти во овој момент 377 лица“, истакна министерот Филипче.

Тој посочи дека, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во изминатите 24 часа се примени тројца нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 41, во ГОБ „8-ми Септември“ хоспитализирани се – 13 нови, а вкупно 25 пациенти. На инфективните одделенија во Битола, Штип, Прилеп, Велес, Куманово, Тетово и Охрид се хоспитализирани 64 пациенти.

„Во изминатите 24 часа се направени 189 тестирања и во однос на тестирањата, на бројката на тестови, дозволете уште еднаш да ги отфрлам шпекулациите дека има некаква причина или дека тенденциозно се намалува бројот на тестирања. Тоа не е така, факт е дека значително е намалена бројката на направени тестови, заради тоа што нема доволен број пациенти кои имаат симптоми и кои имаат вистинска индикација за тестирање, а тоа е тоа, што сакавме да го постигнеме. Само еден мал процент од капацитетот на системот „Мој Термин“ е исполнет и поради тоа што сега во овој период имаме слободни капацитети во лабораториите и веќе од утре, почнува скринингот на одредени критични категории. Ќе почнеме со вработените во градинките, тие се близу 2.000, со цел паралелно со процесот кој се прави на изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се стават во функција“, рече министерот Филипче.

Во однос на епидемијата, министерот Филипче изрази задоволство што бројот на оздравени пациенти секојдневно расте. Од вкупниот број потврдени случаи, оздравени се вкупно 1.205, односно 72 проценти. Тој додаде, дека се намалува бројот на смртни случаи, а во моментов има 377 активни случаи, што е 22,5 проценти од вкупниот број на потврдени случаи во земјата.

„Расте бројот и на оздравени здравствени работници. Од вкупно дијагностицираните 242, оздравени се 217, што е близу 90 проценти и со тоа практично се враќаат во нормално функционирање сите установи, од каде се заболените здравствени работници. Воедно расте и бројот на општини кои немаат активни случаи: Дебар, Охрид, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Крушево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Виница, Делчево и Кичево“, изјави министерот Филипче.

Според министерот за здравство, на вчерашниот и денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и врз основа на анализата на состојбата со епидемијата во земјата, Комисијата донесе Предлог-план за намалување на рестриктивните мерки кои ќе се одвиваат во неколку фази.

Намалувањето на мерките е согласно повеќе критериуми кои в предвид ги зема и Светската здравствена организација, а три од тие критериуми се клучни и тоа првенствено дали епидемијата е ставена под контрола. Понатаму, дали здравствениот систем е во состојба да се справи да го изменаџира бројот на пациенти сега, но и дали може да се справи со повторно појавување на голем број случаи по олеснувањето на мерките, како и дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и управува со случаите и нивните контакти и да идентификува евентуална појава на нови случаи.


Тој изјави дека, состојбата во земјата е оценета како стабилна и согласно тоа Комисијата за заразни болести преку Министерството за здравство ќе го достави Предлогот за олабавување на рестриктивните мерки и тој Предлог-план предвидува, во оваа недела да се отворат и да се вратат во функција: центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, организација на седници и на органи за управување, конференции, авто-школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер без угостителска дејност и затворени трговски центри, односно молови, исто така без угостителска дејност како и центрите за рехабилитација на слух, говор и глас, кои целосно ги подготвија капацитетите.

Сето ова, според Филипче е согласно критериумите за функционирање, кои ги препорача Комисијата за заразни болести, каде мора сите овие субјекти да се придржуваат до дистанцата, носењето на заштитни материјали, со одреден број присутни во локалите, односно местата. После следењето на епидемиолошката состојба откако ќе се вратат во функција овие економски оператори, следната недела, според министерот, се предвидува, да се препорача, отворање на угостителските објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови. И повторно, по епидемиолошката анализа и следењето на состојбата, следната недела, игрите на среќа во казина, автомат клубови, тренинзи во затворени спортски објекти и базени, работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти. Помеѓу сите овие препораки, детално ќе се следат параметрите, епидемиолошката состојба.

„Ова е планот, којшто сега го поднесуваме до Владата. Тоа значи, дека постепено го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, секако со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителната дистанца од два метри, задолжителното носење маска, односно покривка на носот и устата во затворена просторија, на отворено, тогаш кога дистанцата не може да се држи и задолжителната дезинфекција на рацете кога е потребно. Овој план денеска ќе се дискутира на седницата на Владата“, истакна министерот Филипче, кој додаде дека Комисијата за заразни болести подготви научно издржани претпоставки како може да се развива состојбата со вирусот.

Македонија

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека  на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

Continue Reading

Здравје

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја, за состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со КОВИД-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови, светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

Continue Reading

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading