Connect with us

Македонија

Заев: Избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни

Avatar

Published

на

Според претседателот на СДСМ Зоран Заев, Став на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ е избори по стабилизација на пандемијата, на средината на јуни.

 „Заеднички став на партиите во нашата коалиција е да се искористи моментот на ослабување на коронавирусот и стабилизација на пандемијата и да се оди на гласање – на средината на месец јуни. Потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза“, вели Заев.

„Во ситуација кога пикот на коронавирусот е поминат, кога интензитетот се намалува, треба да се одржат изборите затоа што во такви услови нема никаков ризик по здравјето на граѓаните. Особено имајќи предвид дека наесен се очекува нов бран од вирусот и би било неодговорно да се загрозува здравјето на граѓаните. Ако се повтори кризата ќе останеме надвор од било какви уставни можности. Северна Македонија веќе 2 месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро 3 месеци е со распуштено Собрание.

Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата и затоа потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза.

Ова се дел од ставовите и аргументите со коишто јас како претставник на коалицијата ќе ги предочам на средбата кај претседателот Пендаровски во вторник“,  вели Заев.

Избори 2024

Пендаровски од Гостивар: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество

Avatar

Published

на

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар.

Пред присутните Пендаровски потсети на резултатите постигнати во изминатите пет години како враќањето на слободата и демократијата, градењето модерно општество на еднакви граѓани и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пендаровски посочи дека по членството во НАТО, се случи напредок и во процесот на интеграција кон ЕУ, кој сега е блокиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот однос кон меѓународните договори што ја гарантираат евроатлантската интеграција на државата.

„Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што нѐ вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имаат ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат. Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно“ порача Пендаровски.

Затоа, додаде тој, уште на 24 април потребна е масовна мобилизација и заокружување на бројот еден со што напредокот на државата ќе продолжи.

Пендаровски во своето обраќање пред граѓаните порача и дека е крајно време за да се испита потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на политичарите, почнувајќи од него, а оние за кои ќе се утврди дека за време на нивниот мандат несразмерно го зголемиле својот имот прво да ги вратат парите а потоа и да се соочат со затворски казни.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Димитриевски: Македонија заслужува претседател од граѓаните, кои го даваат легитимитетот за тој што ќе ги претставува и заштитува

Avatar

Published

на

Се одважив, влегов во оваа битка за иден претседател на државата затоа што сметам дека Македонија заслужува претседател од граѓаните, со граѓаните и за граѓаните. И затоа мојот приоритет во иднина ќе бидат единствено граѓаните, нагласи Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија синоќа во скопски Бутел.

„Ние водиме позитивна кампања, но за жал во делот на платената политичка програма не сме еднакви, истакна Димитриевски во изјава за медиумите.

„Фаворизирани се неколку кандидати, огромен тајминг и искрено жалам што граѓанте немаат можност да не видат на дебати. И господинот Пендаровски, а и госпоѓа Силјановска Давкова, бегаат за жал од дебати и јавно ги повикувам да се соочиме на дебати, да ги извадиме нашите програми пред граѓаните, не поради нас, граѓаните тоа го заслжуваат.Непосредниот избор на претседател е суверентитетот којшто граѓаните и го даваат на функцијата за да биде претседател на сите граѓани и да ги претставува истите и тоа и дава дополнителна сила на институцијата Претседател. Како демокрт, со демократски убедувања, секогаш сум подготвен да дебатирам и јавно да ги слушнам и останатите мислења во јавноста по однос на овој предлог но, сметам дека некој скриено се обидува да наметне еден нов наратив во државата со којшто ќе се редефинира карактерот на Македонија, од прост во сложен тип на државно уредување. Што за мене е неприфатливо!“истакна Димитриевски.

Прочитај повеќе

Македонија

Вработените од Национални шуми денеска на протести

Avatar

Published

на

Триесет подружници денеска се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“, со цел да го изразат незадоволството, бидејќи втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.

Прочитај повеќе