Connect with us

Гевгелија

Со положување на свежо цвеќе и делење заштитни маски на граѓаните одбележан Денот на полицијата во ОВР- Гевгелија

Media Press

Објавено на

       Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со претседателот на Советот на општина Гевгелија, Тодор Ристов, на Денот на полицијата и безбедноста 7 мај, го посетија ОВР- Гевгелија и на припадниците на полицијата им го честитаа Празникот на полицијата.

Притоа, градоначалникот Поцков на началникот на ОВР –Гевгелија, Антонио Карапеев и командирот на ПС- Гевгелија, Миле Ангелков, им изрази благодарност за досегашниот ангажман во работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување и спроведувањето на донесените мерки, како и воопшто изрази благодарност за ангажманот на полицијата во Општина Гевгелија за доследна примена на мерките од Владата на РСМ и надлежните државни институции за спречување на внесувањето и ширењето на Корона вирусот на територијата на општина Гевгелија.

  „ Како резултат на ваквата координирана активност и доследна примена на мерките на Општинскиот штаб за заштита и спасување, но и ангажманот на припадниците на полицијата, кои заедно со здравствените работници, беа во првите најистурени редови за постапување и дејствување во вонредни услови наметнати од пандемијата на Корона вирусот, нашата општина не се најде во ризичните подрачја на заразени со Корона вирусот во земјата. Секако, на тоа влијаеше и однесувањето на граѓаните и нивното почитување на донесените мерки“, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков. Во знак на благодарност, тој на полицајците во дежурната служба им подари телевизор.

Денот на полицијата во ОВР- Гевгелија беше одбележан со полагање на цвеќе на спомен бистата на Ѓорге Стамов, во дворот на установата, како и со акција на полицајците за примена на мерките за заштита од Корон авирусот. Имено, полицајците во центарот на Гевгелија им делеа заштитни маски на возачите на автомобили и граѓаните потсетувајќи ги на тој начин на Уредбата на Владата на РСМ за задолжителното носење на заштитни маски во затворени и отворени простори и одржување на потребната дистанца.

 „И во оваа прилика, како впрочем и пред и за време на пандемијата и прогласената вонредна состојба, сакавме да покажеме дека полицијата е сервис на граѓаните, така ќе биде и во иднина, да им помогне на граѓаните во заштитата на здравјето, но и за попречување на сите незаконски појави и однесувања“, изјави началникот на ОВР- Гевгелија, Антонио Карапеев.

Гевгелија

Лишен од слобода за непоседување возачка дозвола

Media Press

Published

на

Од билтенот на МВР: Во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Д.Д(43) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски  регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе

Гевгелија

МВР: Банкарски службеник од Гевгелија во 13 наврати присвоил пари од сметки на двајца корисници

Media Press

Published

на

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката.

Прочитај повеќе

Гевгелија

На железничка пруга во Гевгелија било пронајдено повредено лице мигрант

Media Press

Published

на

На 13.08.2026 во 13:35 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на железничка пруга во Гевгелија било забележано повредено лице мигрант. Лицето е пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош и било констатирано дека има повреда на стапалото најверојатно од прегазување на воз. 

Извршен бил разговор со лица вработени во железница, при што известиле дека во 13:25 часот тргнал товарен воз од Железничка пруга Гевгелија кон Скопје и пред тргнување биле извршени проверки и од возот биле симнати околу 10 лица мигранти кои сакале нелегално да се превезуваат. По наредба на јавен обвинител извршен е увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе