Connect with us

Здравје

Регистрирани 20 оздравени, а потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Здравје

Бројот на нови случаи со Ковид -19 продолжува да расте

Виолета | Media Press

Published

on


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 естирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Тетово-26 Куманово, Охрид и Гостивар по 8, Штип и Кичево по 6, Струга-5, Свети Николе-4, Прилеп-3, , Дебар, Пробиштип и Битола-2, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Ресен по1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, во Велес, Гостивар, Кочани иРесен по1.


Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Направените 1470 теста а досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

163 нови случаи на Ковид-19, 8 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

 Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5. Осум лица починаа по компликации од коронавирус, и тоа шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) е починат пациент од Дебар на 52 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти .

Оздравени се 230 лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493.

Направените 1794 теста се преку: ИЈЗ-1002, Авицена-102, Биотек-155, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори) -209, Судска медицина – 14, Систина со ПЦР метода -148, ЦЈЗ Битола-41. Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Continue Reading
Advertisement