Connect with us

Македонија

Спасовски со свое обраќање по повод 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста

Виолета | Media Press

Published

on

Премиерот Оливер Спасовски во видео пораката во чест на 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста истакнува дека оваа година овој ден се одбележува во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Воспоставивме професионална и стручна полициска служба како сервис од доверба за граѓаните и како силна брана против заканите за безбедноста и злоупотребите на полицијата рече Спасовски по повод 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста
Во Обраќањето, премиерот Спасовски во видео пораката вели:


„Улогата на полицијата во спроведување на одлуките и мерките на владината стратегија за запирање на ширењето на вирусот, е огромна и од исклучителна важност.
Посебно охрабрува дека навистина сме ги донеле правилните одлуки, за што деновиве говорат и бројките на намалени случаи на заболени.
Особено сум горд што ова е успех и на воспоставените норми и концепт за Јавниот мир и безбедноста, како гаранција за заштита на човековите права и слободи.


Овој успех е резултат и на воспоставената силна институционална свест и структура како брана против сите тенденции на корумпирање на безбедноста и против ставање на полицијата во функција на злоупотребата и незаконито работење, како што беше до пред три години.
Во таа насока, еден сериозен и значаен дел од енергијата и мерките од реформите беа посветени примарно на генералното подобрување на материјално техничките услови за работа токму на оние од кои што зависи спроведувањето на правото и законите – а тоа е полицијата.
Во нивното реализирање се водевме од фактите дека интегритетот, опременоста и статусот на полицискиот службеник се императив без кој што е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.


Дека постигнавме многу, најдобро сведочат домашните и меѓународните анализи и истражувања кои потврдуваат дека Република Северна Македонија воспоставува професионална и стручна полициска служба која што е определена да биде реален и доверлив сервис на граѓаните.
Затоа со право веруваме дека во наредниот период, ќе продолжиме да ги јакнеме севкупните капацитети на Министерството за внатрешни работи, за уште подобри резултати во работењето на сите организациони единици.
Нека ни е честит 7 мај – Денот на македонската полиција“.

Македонија

Расте бројот на нови слуачи на ковид -19 во Југоистокот, 3 нови случаи во Радовиш, 11 во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

112 нови случаи на Ковид -19 а починале 8 пациенти, ова е билансот од денешниот извештај од Министерството за здравство.

-Во болнички услови се починати 8 пациенти од Тетово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти денеска Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 46, Куманово 7, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 6, Велес 4, Битола 7, Охрид 4, Гостивар 3, Струмица 11, Радовиш 3, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Виница 1, Делечево 1, Кратово 1, Свети Николе 4,, Кичево 2 и Ресен 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 8, Штип 3, Прилеп 8, Тетово 10, Струга 6, Велес 4, Битола 3, Охрид 10, Кавадарци 2, Гостивар 13, Гевгелија 11, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Крушево 2, Кочани 4, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Виница 2, Делчево 8, Свети Николе 3, Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17786, бројката на оздравени пациенти е 14801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2248.

Continue Reading

Македонија

Јануари најризичен период за корона вирус

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче најризичен период кој следува со коронавирусот е месец јануари.

Тој во вчерашната Топ Тема објаснува дека месец јануари е периодот кога ќе заврши циклусот од два месеци кога луѓето ќе бидат затворени, односно ќе има интензивна комуникација во затворени простории.

Филипче објаснува и дека се планира ширење на стратегијата, во однос на тестирањето, со еден вид масовно тестирање, преку новите тестови кои ќе се набават. Тоа се брзи тестови за регистрирање на вирусот, не на антителата, кои би го детектирале вирусот за 15-тина минути. Истите ќе бидат распределени во сите болници, но и на граничните премини. 

Во однос на полициски час Филипче рече дека нема да има на ниво на држава, туку можеби во некои општини или региони.

Continue Reading

Економија

Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави

Виолета | Media Press

Published

on

Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави, рече претседателот на Владата Зоран Заев во интервју за ТВ Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од КОВИД-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени, за 250.000 плати за три месеци, за што се предвидени 70 милиони евра.

Continue Reading