Македонија
Со одавање почит на загинатите бранители и свечената церемонија одбележан 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,,
Објавено на
Од
Media Press
Денеска, 7 мај во кругот на МВР и Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, беше одбележан „Денот на македонската полиција“. Одбележувањето на – ,,Денот на македонската полиција“ започна со оддавање на почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе во кругот на министерството од страна на највисокото раководство на МВР во придружба на претставници од различни организациони единици, семејствата на бранителите и македонскиот полициски синдикат.
Свечената церемонија продолжи во Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров,, каде што раководството на МВР, дел од вработените, семејствата на бранителите, поканетите гости од Дипломатскиот кор имаа можност да го проследат обраќањето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, неколку показни вежби од страна на Единиците на МВР како и доделувањето плакети за посебен придонес и заложба во работењето на министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор .

Во своето празнично обраќање министерот Чулев истакна дека: „Денешниов празник го одбележуваме во едни сосема поинакви околности, кои што ни даваат јасен увид за значењето и улогата на полицијата и во кризни состојби, како што впрочем е актуелната пандемија од “Корона“ вирусот“. „Демонстрираната организираност, исполнителност, законска дисциплинираност, и пожртвуваност на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, во исполнувањето на сите зададени обврски и задачи во справувањето со пандемијата и примарно – во зачувувањето на човечките животи како бесценета вредност на секое општество, е јасен показател за потенцијалите и кредибилитетот на македонска полиција.“ Во еден хронолошки контекст ние денес можеме сосема, со мирна совест, да констатираме дека во сиве изминати децении раст и развој на Министерството за внатрешни работи, беше вложен огромен напор и професионалност на генерациите наши претходници, прилагодувајќи го системско-институционалното устројство на македонската полиција на потребите на општеството. Понекогаш поуспешно, понекогаш помалку успешно, но секогаш без исклучок насочени кон остварување на нашата приоритетна цел – јавниот ред и мир, и безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Поминавме низа фази на реформи во сите сфери на полициското работење. И тоа од нормативната во сфера преку носење на законски одредби што ќе не доближат до европските стандарди во полициското работење, техничко-технолошки, кадровски, структурални и организациски промени, односно надградби. Сето тоа, како во насока на континуирано следење на трендовите во полициското работење, така и во насока на максимална ефективност и ефикасност во функционирањето на тој сложен систем врз кој што почива министерството за внатрешни работи.
Министерот Чулев ja истакна својата лична увереност дека македонската полиција, не само во контекст на актуелните кризни случувања, туку и пошироко во сите други домени од своето работење ќе остане непоколеблив гарант во заштитата на уставно-правниот поредок, на спроведувањето на законите, на личната и имотна сигурност на секој наш човек. На сите наши колеги им го честитам 7-ми Мај , Денот на македонската полиција, и ви пожелувам успеси како на професионален така и на личен план“, го заврши своето обраќање министерот Чулев .

Дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска им го честита Денот на полицијата на сите сегашни, но и поранешни припадници на МВР.
Поврзани содржини

Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство

Жител од радовишко село физички го нападнал својот 74 годишен татко, полицијата го привела

Пријава за пожар на патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки

Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

Лишено од слобода лице од Радовиш, физички ја нападнал неговата мајка

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

