Connect with us

Економија

Пораст на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец

Виолета | Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 9.0 %, рибата и морските плодови за 1.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.9 %, јајцата, прехранбените производи неспоменати на друго место, виното за 0.8 %, пивото за 0.6 %, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0.5 %, лебот и житата за 0.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.3 % и јогуртот за 0.2 %.

Во април 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс-опремата за 2.6 %, обувките за 1.8 %, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 1.1 %, малите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи за 0.4 % и снабдувањето со вода за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај газираните пијалаци за 0.3 % и помалку масното млеко за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 20.3 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 17.0 %, гасот за домаќинствата за 7.0 %, информатичката опрема за обработка на податоци за 3.3 %, моторните возила за 1.4 %, игрите, играчките и хобијата за 1.2 %, облеката, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 %, фармацевтските производи, електричните апарати за лична хигиена за 0.4 %.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од денеска незначителни промени на цените на горивата кои важат од синоќа на полноќ

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) , не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Continue Reading

Економија

Работодавачите во медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените

Виолета | Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи соопшти дека работодавачите во  медиумите можат да аплицираат за субвенционирање на придонесите на платите на вработените.

„За  секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му  се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно „Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми“, стои во соопштението.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум, додаваат од УЈП треба да пополни и поднесе  комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМ) во Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање.

Continue Reading

Економија

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Александар | Media Press

Published

on

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:
–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
–   8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите набанките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Continue Reading
Advertisement