Connect with us

Македонија

ССНМ: Онлајн заканите кон новинари зачестени, институциите да реагираат

Виолета | Media Press

Published

on

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува онлајн нападите и заканите на социјалните мрежи врз колегата Мишко Иванов, како и зачестените напади врз други новинари и новинарки.

„По тој повод ССНМ апелира до сите новинари и медиумски работници сите овие напади, закани, онлајн малтретирање и слично да ги пријавуваат до органите на прогонот и соодветните институции, иако со жалење констатираме дека МВР овие закани не ги сфаќа сериозно и по нив не постапува според своите законски овластувања. Институциите треба постојано да реагираат и да ги санкционираат ваквите појави бидејќи решавањето на случајот со нападите врз две новинарки од страна на Емил Јакимовски не смее да остане единствен.

Во таа смисла, ССНМ ги повикува сите новинари и медиумски работници, да ги пријавуваат заканите и нападите во Синдикатот, преку пораки на Фејсбук страната или на електронската пошта ssnm.info@gmail.com. ССНМ ќе го документира секој случај и ќе преземе соодветни мерки, инсистирајќи до соодветните институции да ги преземат мерките што им стојат на располагање и истовремено информирајќи ги меѓународните институции за состојбата со нападите врз новинарите.

Состојбата со нападите врз новинарите што професионално и чесно си ја вршат својата работа е неодржлива и таа уште веднаш мора да се смени. ССНМ смета дека нема објективно и професионално новинарство доколку новинарите и медиумските работници работат под притисок на закани и напади. Само со јавен притисок кон институциите, но и јавно обелоденување на оваа појава со цел кревање на свеста на јавноста, како и заедничка реакција, може да придонесе за намалување на нападите, заканите и онлајн малтретирањето на нашите колеги“ стои во апелот од ССНМ.

Македонија

Изгласани измените на Законите за основно и средно образование

Виолета | Media Press

Published

on

Собранието вчера ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на наставата во државата и во време на вонредни околности, каков што е случајот со пандемијата со Ковид-19.

Со законските измени, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во повеќе случаи: во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди.

Во вакви вонредни услови,  наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците  ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.

 Со законските измени се прават и исклучоци во однос на започнувањето  и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности така што, учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.

Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство, а предвидено е и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100 дена.

Continue Reading

Македонија

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Виолета | Media Press

Published

on

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку  едукативни предавања.

На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за  трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и  специјализанти.

На тема  “Алцхајмерова болест-тивка епидемија на 21 век“ свое предавање имаше асист. д-р sci Габриела Новотни, од Медицинскиот  Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, која за Алцхајмеровата болест рече дека полека , но сигурно станува тивка епидемија на 21.век.  Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во  идна национална стратегија за превенција на деменцијата.

За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  на Стоматолошкиот факултет при  Универзитет “Св. Кирил и Методиј“.  „Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест“, истакна проф. д-р Митиќ.

Оваа иницијатива која започна во февруари годинава, со предавањето на  министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб продолжи минатиот месец во Кабинетот на Претседателот со стручното предавање на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“.

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи.  Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот, информираат од кабинетот на претседателотот Пендаровски.

Continue Reading

Македонија

7 пациенти починале од корона вирус и 45 нови случаи биле регистрирани за 24 часа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на коронавирус. Починале седум лица, а оздравеле 86 заболени. Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 достигна 700.

Најголем број од новите случаи се од Скопје – 10 и Кочани – девет.

Пет случаи се потврдени во Тетово и Берово, по четири во Куманово и Гостивар, два нови случаи во Кичево и по еден во Штип, Прилеп, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-8, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-5, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Пехчево-7, Виница-4, Свети Николе-1.

Починати се седум лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. Нема пациенти на респиратор.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 150, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading