Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за
јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1,
Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.
Во
ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15
дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Во
изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на
ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1, Велес-4.
Согласно
ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на
епидемијата изнесува 1526 , бројката на оздравени пациенти е 1013 , на починати
е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Во изминатото деноноќие направени се 185 теста, а досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид
-19.
Во
изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби
примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а
вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на
механичка вентилација 1.
Во
ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На
респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во
болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат
уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се
следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес,
Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на
ковид-19.