Радовиш

(ВИДЕО) Утре се празнува големиот црковен и народен празник Ѓурѓовден, традиционално денеска на радовишкиот пазар се продаваа јагниња

Утре се празнува големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден, кој спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Граѓаните имаат обичај за Ѓурѓовден да купат и да заколат јагне  за здрваје или како што велат тие „курбан“. Во пресрет  на големиот прзник денеска на градскиот пазар во Радовиш сточарите  продаваа јагниња. Но како што велат, купувачи слабо иако цената е ниска.  Сточарите ја искористија оваа прилика и да се пожалат дека сточарството полека изумира како дејност.

Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто, По тој повод  во повеќе села се слави Ѓурѓовден  како селска слава и се примаат гости од други населени места, а во црковните храмови се држи божествена литургија.   

Според црквата колењето на јагниња или курбан   е обичај кој  не е во во духот на христовата вера и не треба да се практикува . Потребно е само молитва а не и жртва. Со  Ѓурѓовден се поврзани и голем број обичаи во радовишкиот крај како закачување на зелено гранче на портата на секој дом  рано наутро.  Посебно значаен обичај што се изведува на Ѓурѓовден е нишањето или лулањето. Според нашиот народ со Гурговден започнува летната половина на годината  која трае до Митровден. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago