Connect with us

Македонија

Топ пребарувања на Македонците за изминатиот период

Александар | Media Press

Published

on

Во изминатиот период според Alexa, на првото место на листата во анализата доминираат Google.com и Youtube.com на првото и второто место пред time.mk и reklama5.mk. Социјалната мрежа Facebook во Македонија се наоѓа дури на петото место. Во остатокот од Топ 20 се појавуваат и Daily.mk, Crnobelo.mk, Kajgana.mk.

Најчесто пребарувани поими според Google, Македонците најмногу пребарувале преведувач односно „translate“, потоа градот Скопје и на третото место на оваа листа се најде социјалната мрежа Facebook. На листата се најдоа и поимите „Резултати“, „Временска прогноза“ и „ЈСП“


Во Македонија, статистиката покажува дека 81% од популацијата користи интернет или 1,69 милиони корисници. Во споредба со минатата година, бројот на интернет корисници се искачил за 0,01%.

Што се однесува до брзината на интернет конекциите, просечната брзина кај мобилните интернет врски изнесува 49.27 Mbps што е за 29% побрзо од минатогодишниот извештај и за фиксните врски брзината изнесува 30,34 Mbps. Во однос на фиксните врски, брзината на преносот на податоци е зголемена за 31% од минатогодишниот извештај.

Во извештајот од минатата година стои дека порастот на брзината на мобилните врски е 3,8% што оваа година имаме 7,6 пати зголемена брзина. Брзините на фиксните линии не се во толкав подем и изнесуваат само 2,5 пати поголем пораст.

Над 1.10 милиони Македонци се активни на социјалните мрежи, односно 53% од популацијата. Се плаќаат 2,27 милиони претплати за телефони, што е 109% од популацијата на Македонија. Водејќи се по податоците, 1 милион или 48% македонци користат друштвени мрежи на своите телефони.

Најпопуларна платформа и натаму е Facebook со 970 илјади корисници, по што следат Instagram со 620 илјади и Twitter со 129 илјади. Интересно, четврта мрежа според популарноста е LinkedIn со 240 000 корисници. Од сите Facebook корисници, околу 56,1% се мажи и околу 43,9% се жени. Просечниот корисник во Македонија „лајкнал“: 2 facebook-страници откако е присутен на Facebook; Лајкнал 21 пост во последните 30 дена и искоментирал 5 пати на постови.

Интересни податоци добиваме и од YouTube пребарувањата. во изминатиот период во анализата направена од „DataReportal“ на YouTube најчесто го пребаруваат реалното шоу „Задруга“. На второ место на оваа листа најмладите го пребаруваат популарниот македонски јутубер „GP“, по што следи и „Задруга во живо“. Во листата во Топ 20 пребарувања на YouTube се наоѓаат и „2 Бона“, „Парови“, „Бака Прасе“ и „Ѕвездите на Гранд“.

Од гејминг секцијата, најмладите ја пребарувале супер популарната видеоигра „Fortnite“ и „Minecraft“ и после младиот „GP“, познат јутубер на оваа листа во Македонија се најде и Шведскиот јутубер „PewDiePie“.

Секако, да не ја заборавиме и статистиката за користење интернет на оперативните системи. На оваа листа во Македонија доминираат „Android“ уредите со 85,3% застапеност. На второто место се познатите iPhone уреди со оперативен систем „iOS“. Мобилните уреди на Samsung држат само 0,1% од застапеноста и 0,3% од уредите користат други оперативни системи. Во споредба од минатата година, статистиката ни покажува зголемување од 2,2% кај корисниците на „Android“ оперативниот систем и пад од 7,8% кај корисниците на „iOS“

Македонија

Сопругата на Претседателот со поддршка за подигнување на свеста за ракот на дојката

Виолета | Media Press

Published

on

Сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваше и се обрати на настанот за подигнување на свеста за ракот на дојката “Race for the cure“ во Градскиот парк, информираат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

„Имаме двојна обврска во врска со едукацијата, превенцијата и лекувањето не само на ракот на дојката, туку и на вирусот кој се заканува да ја загрози жената која е веќе засегната од друга болест “, истакна Ѓоргиевска, додавајќи дека е потребно да се обезбедат средства за сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

„Во текот на месецот октомври многу светски знаменитости ќе светат во розова боја, а со тоа да привлечат внимание за важноста од раната дијагностика од ракот на дојката и затоа денес ќе потсетам на главното правило во животот, подобро да се спречи отколку да се лечи. Ве молам практикувајте самопрегледување на градите, редовни посети кај лекарите и годишни мамографии.

Розовата панделка е симбол на борбата против оваа  болест и симбол на поддржување на сите што се засегнати. Розовата панделка ја носат излечените, но и сите оние кои сакаат да ја подигнат свеста за оваа болест којашто е всушност, една од најсмртоносните болести кај жените. Исто така, сакам да го свртам внимание на потребата од собирање на средства за донирање во сите центри за грижа за заболените жени, кои освен нега, нудат и она што е многу важно, а тоа е психолошката поддршка.

Ќе нагласам уште нешто: ни  оваа, како и сите други болести не треба да ги гледаме како  нешто што му се случува на некој друг. Особено ние, медицинските лица, секојдневно и секаде каде што е можно, треба да го нагласуваме тоа. Има уште многу да се стори, а само заедно можеме да направиме промени во колективната свест и поддршка во едукацијата и охрабрување на жените на секаков можен начин.

И, да не заборавиме: никогаш не е премногу доцна  за промени  кон здрав живот. Не е важно колку години имаме, промените во животот кон добро здравје не знаат за возраст. Да бидеме најдобри пријатели со своето тело и да ги слушаме неговите  предупредувања“ рече Ѓоргиевска.

На настанот се обратија и министерот за здравство, Венко Филипче и американската aмбасадорка во земјава, Кејт Брнс.

Организатор на настанот е Здружението „Борка“, коешто се приклучи на кампањата која се одвива речиси во многу европски држави и градови, а кај нас кампањата и финалните настани освен во Скопје ќе се одржат во 13 градови, стои во соопштението.

Continue Reading

Македонија

148 нови случаи позитивни на ковид-19, нови случаи и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Три лица починаа, а 148 се позитивни на ковид-19 од 1.224 тестирања во последниве 24 часа. Пациентите се починати во болнички услови и се од Прилеп (62), Кочани (87) и Гостивар (64).

Новите случаи на ковид-19 по градови се: Скопје-50, Куманово-4, Дебар-2, Штип-2, Прилеп-9, Тетово-11, Велес-2, Битола-6, Кавадарци-6, Гостивар-3, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Кочани-18, Берово-11, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-5 и Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од: Скопје-15, Куманово-5, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-4, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-6.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 17.629, од кои оздравени се 14.581,  починати  725, а во моментов активни се 2.323. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.881, активни 684
• Куманово 1.745, активни 182
• Дебар 284, активни 42
• Штип 1.251, активни 53
• Прилеп 667, активни 128
• Тетово 1.424, активни 174
• Струга 664, активни 58
• Велес 319, активни 34
• Битола 296, активни 59
• Охрид 421, активни 44
• Кавадарци 236, активни 49
• Гостивар 928, активни 103
• Гевгелија 125, активни 53 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 233, активни 150
• Крива Паланка 107, активни 29
• Радовиш 76, активни 18
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 340, активни 149
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 102, активни 38
• Валандово 31, активни 22
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 341, активни 37
• Кичево 324, активни 39
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 53, активни 6 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Continue Reading

Економија

(Видео) Мицкоски: Четвртиот пакет мерки не само што е задоцнет туку и дополнително ќе ја продлабочи кризата

Виолета | Media Press

Published

on

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција истакна дека четвриот пакет на мерки за спас на економијата презентирани денеска од страна на Владата, не само што е задоцнет и нема да одговори соодветно на потребите на македонската економија и граѓаните, туку напротив истиот тој дополнително ќе ја продлабочи и онака тешката состојба во државата.

„Четвртиот пакет мерки на мафијата во Владата е последниот обид за сламката за спас во услови кога економијата пропаѓа.Четвртиот пакет не само што е задоцнет и нема да одговори на потребите на граѓаните, туку напротив и доолнително ќе ја продлабочи кризата. Кога веќе се прави четврт пакет на мерки, треба да се види искуството од претходните три, а тоа е поразително и се вика ново дополнителни  најмалку 40 илијади невработени за пет месеци минус речиси 13 проценти намалување бруто домашниот производ рекорден во вториот квартал. Затоа, и четвртиот пакет на мерки е промашен обид да се дефокусира вниманието од вистинските проблеми. Мафијата ќе стане побогата, а народот посиромашен“, рече Мицкоски.

Досегашните три пакети на мерки, посочи Мицкоски , беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат ефекти од кризата и нивната единствена цел беше предизборен и институционален поткуп. Тој напомена дека потврда за тоа е фактот што покрај „платежните картички кои служија за изборен поткуп, манипулација, најголем дел од меркиуте за поддршка на стопанството и економијата останаа нереализирани“.

Мицкоски истакна дека резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство-извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал (вториот квартал), раст на невработеноста од 40 илијади лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата.

Continue Reading