Connect with us

Македонија

ПОЗНАТ НАУЧНИК ОТКРИВА “КАКО НЕКОИ УМИРААТ ОД КОРОНА ВИРУСОТ, А ДРУГИ НЕ ГО НИ ЧУВСТВУВААТ”

Давид | Media Press

Published

on

Како некои луѓе воопшто не чувствуваат дека го носат корона вирусот, додека други умираат од него? Дали вушност е вистина дека вирусот може да се пренесе од лилјак на човек? Дали бројката на заразени лица е многу поголема од официјалните бројки? Дали топлото време ќе го убие вирусот?

Хрватскиот познат научник Оливер Вугреќ раководител на лабараторијата за напредна генетика при институтот Руѓер Бошковиќ во Загреб, Хрватска, не смета дека вирусот потекнува од лабораторијата, односно дека не е вештачки направен.

Во негова изјава за ртл директ тој вели: “Ние ги темелиме нашите податоци на научни резултати и има силен доказ дека коронавирусот не потекнува од ниту една лабораторија, туку едноставно потекнува од природата. Постојат научни докази, генетски податоци од природата. Лилјакот и панголин се некои од животните кои го носат вирусот, но не е случај вирусот директно да се пренесува од овие животни на луѓето, туку се претпоставува дека постои одреден медијатор, кој сеуште не е откриен“.

Тој вели дека не може да се изеде заразено животно

Додека многумина веруваат дека мора да се јаде едно од овие егзотични животни, за да се пренесе вирусот, тоа не е точно, научникот вели „Не е неопходно да се јаде животно, вирусот најверојатно напаѓа преку носната слузница. Тоа е исто така научно докажано дека најголема количина на вирусни честички се задржуваат кај овие клетки“, рече Вугреќ .

Најпознатиот германски виролог Кристијан Дростен смета дека е занемарено животното „Кунопас“, животно кај кое е откриено САРС.

„Кунопас животното е едно од можните носители. Голем дел од него се одгледува во Кина, но сè уште не е изолиран генетски вирусот од него“, коментира Вугреќ.

Открил како вирусот стигнал до Хрватска

Вугреќ водеше тим што го „прочита“ генот на коронавирус во Хрватска, откривајќи од каде пристигнал вирусот во нивната земја.

„Можеме да кажеме дека не потекнува директно од Кина, што е важно од епидемиолошки причини. Од 21 примероци што ги анализиравме, најголем дел потекнуваат од северна Италија и Австрија”, изјави Вугреќ.

За жал, сè уште не е познато колку вирусот се има променето од Кина до Европа.

„Ги немаме сите тие податоци, во моментов има околу 12 000 генетски вируси во светот, анализирани од различни земји, а три и пол милиони заразени. Најпогодно би било да се анализира вирусот од мртвите случаеви и да се види кои врски се поврзани во текот на болеста. Мораме да имаме многу поголема слика. Ние сме на некој пат, но сè уште имаме премалку податоци “, вели Вугреќ .

Како некои дури и не го чувствуваат вирусот, а други умираат?

Лекарите и научниците посочуваат дека вирусот е невообичаен. Некои не покажуваат никакви симптоми, додека други ги убива вирусот.

“Ова е контрадикција на вирусот, за жал. Треба да ги прошириме нашите истражувања на човековите гени за да најдеме фактори на подложност на разни исходи на вирусна инфекција. Мора да има одредена генетска предиспозиција и од нас зависи да ги најдеме тие врски”, изјави научникот Вугреќ.

За вакцината против COVID-19

Најавата на Трамп дека вакцината ќе пристигне до крајот на годината, тоја ја смета за оптимистична.

“Според светските експерти, потребно е од 12 до 18 месеци за да се развие вакцина. Трамп очигледно секогаш сака да претера во оптимизмот. Се треба да помине низ различни фази на тестирање и за до крајот на годината е премногу оптимистично”.

Бројот на заразени лица е сигурно многу поголем од официјалните бројки

“Ние ги немаме тие информации. Ако започнеме да тестираме на антитела, би можеле да го заклучиме вистинскиот број. Тестот за антитела е тука од минатата недела. Германија сака да тестира три милиони луѓе неделно. Се надевам дека тие тестови ќе дојдат и кај нас”, рече тој.

Дали топлото време ќе го убие вирусот?

„Тоа сигурно нема целосно да го уништи, но инфекциите ќе забават, од едноставна причина што начинот на пренесување на вируси и аеросоли  испаруваат многу побрзо“, објасни научникот Вугреќ.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Чулев: Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани

Виолета | Media Press

Published

on

Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани. Ова го порача министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Струмица . Тој најави дека се преземени сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности. Чулев апелираше до полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички, односно партиски или пак притисоци од бизнис структури и нивните задолженија да си ги извршуваат согласно чесноста и професионализмот. Истото им го порача и на граѓаните, слободно да излезат и да гласаат според нивната волја и убедување.

,, Да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури. Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да  си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција,, рече Чулев

Министерот Чулев потенцираше дека секој што ќе биде инволвиран во кривично дело поврзано со изборни нерегуларности се соочува со казна затвор до 10 години. Затоа апелираше и до граѓаните но и полициските службеници доколку се најдат во ситуација некој да им врши притисок уцена или закана  за гласање или пак им биде понуден поткуп веднаш да го пријават до МВР со цел најстрого санкционирање.

Continue Reading

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading
Advertisement