Connect with us

Радовиш

117 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев, во Радовиш одбележана од политичките партии

Виолета | Media Press

Published

on

Одбележувањето на 117 годишнината од смртта на великанот и револуционар Гоце Делчев  и  во услови на вонредна состојба поради корона вирусот, во Радовиш не беше изоставено.

Изостана традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија со присуство  на делегации од општината од Сојузот на борците и останати здруженија, но беше одбележано од страна на политичките партии од Радовиш.

На споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите, свежо цвеќе положија делегација од СДСМ, делегација од млади сили на СДСМ и делегација предводена од Кандидатот за пратеник од СДСМ Коле Чаракчиев.

Со положување на свежо цвеќе од страна на  делегација предводена од кандидатот за пратеник од СДСМ Коле Чаракчиев, на спомен обележјето на  Јосип Броз – Тито, југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, беа одбележани и 40 години од неговата смрт.

Претходно свежо цвеќе на спомен обележјето на Гоце Делчев во паркот на младите положија и  делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, делегација од Унија на млади сили на  ВМРО-ДПМНЕ, делагација од унија на жени, делегација од   ветераните од ВМРО- ДПМНЕ и делагација предовдена од  кандидатот за пратеник од ВМРО- ДПМНЕ Здравко Тарајнов.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип,

По убиството на 04 мај 1903 година, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

Мила Царовска ја претстави програмата од социјалната област, на трибина во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

За повисоки плати и пензии. За повеќе градинки и подобри услови за најмладите. За повисок животен стандард и еднакви можности за сите, зборуваше пред радовишани на Вицепремиерката Мила Царовска. Таа ги спомна и стечајците кои со години ја барале правдата на улица.

„12 илјади стечајци добиваат по 8 000 денари кои ќе ги добиваат до пензионеирање“, рече Царовска.

Continue Reading

Радовиш

Отворен летниот спортски камп во природа „Плачковица 2020“ во Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Од денеска  летниот спортски камп „Плачковица 2020“ во Радовиш ја прими првата група  ученици, кои ќе  поминат едно поинакво и незаборавно искуство на планина.

 Организатори  на кампот се професорите по физичко образование Дарко Коцев и Наде Ристов. Според она што го дознаваме од организаторите во првата група има 44 деца, од 06 до 15 годишна возраст.

Во кампот се ангажирани и волонтери од Црвен Крст  од Радовиш, како и алпинистот Зоран Мајсторски како познавач на планинарење.

Во програмата има предвидено палење  логоров оган,  спортски игри, адреналински парк, забава со песни и игри,  друштвени игри и други активности со кои ќе им бидат исполнети овие три дена на децата во кампот.

Истиот е организиран поради ситуацијата  со корона вирусот и неможноста да се замине на класичен одмор, па да им се понуди на младите еден друг вид на одмор на планина за кој организаторите се надеват дека ќе премине во традиција.

Кампот е сместен во склоп на планинарскиот дом Џумаја и ќе тре по три дена, петок, сабота и недела, три викенда по ред, а по потреба може да се органзира уште еден викенд. За учество во кампот се плаќа по 3000 денари со кои им е обезбедено превоз, шаторско сместување и храна за учесниците која се подготвува во планинарскиот дом Џумаја.

„Децата ги очекува незаборавно планинарско искуство“ велат органзиаторите кои ни ветија дека по викендот ќе ни го раскажат нивното прво искуство во летниот спортски камп во природа Плачковица 2020, како и искуството на децата.

Continue Reading

Радовиш

14 лица од Радовиш не ја почитувале мерката за лична заштита

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лицa, од кои 14 на подрачјето на Радовиш, седум во Гевгелија, пет во Валандово и еден во Струмица не ја почитувале мерката и ќе следуваат соодветни мерки.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.  

Continue Reading
Advertisement