Connect with us

Македонија

Полицијата со полни раце работа за први мај, 98 лица уапсени од вкупно 130 евидентирани прекршители на забраната за движење

Александар | Media Press

Published

on

Министерството за Внатрешни Работи во соопштението за јавноста наведува дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 130 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Нови решенија за самоизолација им се издадени на 27 лица, а потпишале 37 лица решенија за самоизолација.

„Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.“ – пишува во соопштението

Избори 2020

Чулев: МВР има капацитети да спроведе мирни фер и демократски избори

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев  вели дека МВР има капацитети  предвремените  парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули да бидат мирни, фер и демократски. И покрај тоа што овие избори се специфични и се одвиваат во време на пандемија и ќе траат три дена.

Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба.

Критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности се мапирани и како што најавува Чулев истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Continue Reading

Македонија

Се уште висок број на заболени од Ковид – 19, 7 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19. Новозаразените се во овие градови:-Скопје 71, Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2 и во Ресен 5 лица.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство преку Фејсбук.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Continue Reading

Македонија

Новинарите и медиумските работници стравуваат од вирусот, но и од губење на работата

Виолета | Media Press

Published

on

Пандемијата силно ја погоди медиумската индустрија во земјава. Новинарските куќи се принудени да носат тешки одлуки: Kој ќе остане, а кој ќе си оди? Новинарите, пак, се соочуваат со финансиски, психолошки, социјални, но и етички и професионални проблеми повеќе отколку пред пандемијата. Двајца медиумски работници досега ја загубија битката со коронавирусот, што покрај стравот за економско-социјалната безбедност го зголемува нивото на страв кај медиумските професионалци кои секојдневно при извршувањето на своите редовни работни задачи се ставаат во ризик од заразување. На 62% од медиумските работници начинот на работа за време на пандемија, им влијае на мнеталното здравје.

Ова се дел од заклучоците извлечени од истражувањето на Синдикатот на новинари и медиумски работници направено во текот на јуни на репрезентативни 150 испитаници, вработени во различни медиуми. Загрижува фактот што дури 30% од анкетираните одговориле дека познаваат некој што останал без работа за време на корона пандемијата. Седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата. Помали плати пристигнале на трансакциските сметки кај дваесет и пет од анкетираните . На седуммина платата им била скратена за 30%.

Заради интервју со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски бев казнет со 15% од плата еден месец”.

Ова е одговор на новинар кој бил казнет на своето работно место, поради сработеното. Градоначалникот излезе позитивен, па потоа негативен на коронавирусот, а новинарот заработил небулозна казна за која речиси никој и не разбра. Причините останаа непознати. Најголемиот страв на сите граѓани го делат и медиумските работници. Губењето на изворот на егзистенција. Овој шок бил приреден на четворица медиумски работници кои останале без работа во најголемиот пик на пандемијата. Промените со коронавирусот се одразија на сите полиња. Четириесет и пет проценти oд испитаниците одговориле дека им е потребна заштитна опрема и сега и во следниот период, додека 22 посто дека сопствениците не им обезбедиле заштитна опрема.  Медиумските работници се жалат и на намалување на квалитетот на животот. Дури 62% одговориле дека овој начин на работа им влијае врз менталното здравје .

Три месеци работам втора смена до 23 часот навечер за да готвам, чувам деца и да учам со нив додека дојде сопругот”, вели една новинарка.

Новинарите се во макотрпна битка во вителот на лажните вести, се троши последниот атом енергија за да се дојде до точни и навремени информации. Најчестите одговори на испитаниците во врска со транспарентноста на институциите се дека во текот на ковид кризата голем дел од прашањата до институциите останувале неодговорениДополнително, во обид да ги заштитат граѓаните од дезинформации, ја губат силата да се изборат во сопствениот “двор”. Се наѕира канонада од тешки удари врз работничките права. Насекаде. Новинарите веќе гласно бараат помош од синдикалната организација, истакнува Синдикатот.

Continue Reading