Connect with us

Радовиш

На 1-ви Мај беше спроведена акција за чистење на планината Плачковица

Давид | Media Press

Published

on

По повод празникот 1-ви Мај во организација на планинарското друштво “Бел Камен”, а со поддршка од ЈП”ПЛАВАЈА” од Радовиш и група млади ентузијасти и сограѓани, се собираше отпад расфрлан од несовесни посетители на неколку локации околу патот на планината Плачковица.

За време на оваа акција собрани се околу 20 m3 отпад, информира ЈП Плаваа.

Исто така ЈП”Плаваја” постави садови за собирање на отпад на тие локации, за да не се повтори таа грда слика со расфрлан отпад.

„Се надеваме дека оваа акција ќе има позитивен ефект врз нашите сограѓани и ќе ги поттикне во иднина да ја чуваат животната средина и преубавата природа на нашата Плачковица“, апелираат од Јп Плаваја.

Инаку ова не е прв пат ЈП Плавја да спроведува ваква акција за чистење на планината Плачковица од насобраниот отпад од несовесни граѓани. Но за неколку месеци сликата повторно се враќа, иако веќе има поставено и садови за отпад.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

По два месеци нов случај на Ковид -19 во Радовиш, 2 нови случаи и во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Од изработените 1545 тестови за 24 часа  денеска 199 со позитивен наод.  По речеи два месеци се појави нов случај и во Радовиш. Од 02 мај кога  на веќе регистрираните 4 лица, тестовите беа негативни, до денеска  немаше регистрирано нов случај.

 Од вкупно регистрираните  199, само во Скопје има 90 нови случаи. По него следува Свети Николе во кое, како ново КОВИД жариште во земјава изминатово деноноќие се заразиле уште 24 лица. Двоцифрена бројка има и во Куманово, Тетово и Струга. Во уште 14 други градови бројот на нови заболени е под 10.

199 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Скопје-90,Свети Николе-24, Куманово-17, Тетово-12, Струга-12, Штип-9, Дебар-6, Гостивар-5, Охрид-4, Прилеп-3, Пробиштип-3, Кичево-3, Битола-2, Кавадарци-2,Струмица-2, Ресен-2,   Радовиш-1, Крушево-1, Демир Хисар-1.

Изминатите 24 часа 120 пациенти се оздравени од ковид 19

Починати се 8 лица,четири пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден од Скопје и Штип. Тројца од нив, меѓу кои и 24-годишникот починале на Инфективна. Вкупната бројка скокна на 376.

Во моментов 3519 лица се заразени од корона вирусот. Над 1800 од нив се во Скопје. Поради новонастанатиот кластер во Свети Николе бројката на активни случаи сега е троцифрена и изнесува 105. Во уште шест други градови бројот на моментално КОВИД позитивни се движи од 131 до 323.

Состојбата со хоспитализацијата на нови пациенти во болниците стабилна. На Инфективната клиника се примени 6 нови. Таму вкупно се лекуваат 87 пациенти. Од 96-те пациенти во „8 Септември“, 14 се новопримени. Во болницата во Козле се лекуваат 21 возрасен пациент, три дечиња со утврдено присуство на вирусот, а четири деца во болницата се со мајки кои чекаат резултати од тестирањата.

Continue Reading

Радовиш

Денеска се празнува Иванден празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител

Виолета | Media Press

Published

on

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.


Свети Јован е една од ретките личности во христијанската вера (покрај Исус Христос и Пресвета Богородица) кому Светата црква му посветила повеќе празници: Раѓање на св. Јован Крстител, (Иванден), Отсекување главата на свети Јован Крстител, Собор на свети Јован Крстител итн. Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се раскажува во преданијата и како што се пее во песните кога светците ги делеле функциите на св. Јован му паднале кумството и побратимството.

Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет, во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител

Continue Reading

Радовиш

14 лица од Радовиш не ја почитувале мерката за лична заштита

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци.

На ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 27 лицa, од кои 14 на подрачјето на Радовиш, седум во Гевгелија, пет во Валандово и еден во Струмица не ја почитувале мерката и ќе следуваат соодветни мерки.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.  

Continue Reading
Advertisement