Connect with us

Радовиш

Во Радовиш нема повеќе активен случај на COVID-19

Марија | Media Press

Published

on

Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека Радовиш, Дебар, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар се шесте градови во земјава во кои нема повеќе активни случаи со Ковид-19.

Ваквите позитивни информации доаѓаат по вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје, во кој е забележано дека овие градови веќе немаат пациенти заразени со корона вирусот.

Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи со COVID-19, во Струмица 2, во Пробиштип 2, а во Демир Хисар 1позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, а сите евидентирани пациенти што биле позитивни веќе се оздравени, информираат од Министерството за здравство.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Денеска се празнува раѓањето на Пресвета Богородица или Мала Богородица

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска православните верници го слават верскиот празник Мала Богородица или раѓањето на Пресвета Богородица.  кој секоја година се одбележува на 21 септември. По тој повод во црковниот храм Света Троица  о Радовиш беше одржана света божествена литургија во присуство на голем број верници.

Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица која е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Според жотоето татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. По татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца.

И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. Постојано  Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо.

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонците. Многу цркви во Македонија се посветени на неа и го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Continue Reading

Радовиш

Дечињата од детската градинка во Радовиш, испратија порака за мир со што го одбележаа Светскиот ден на мирот

Виолета | Media Press

Published

on

Со испишани пароли со кои се испраќа порака за мир и љубов,  дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш го одбележаа Меѓународниот ден на мирот 21 септември.

Со испишани пароли со кои се испраќа порака за мир и љубов,  дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш го одбележаа Меѓународниот ден на мирот 21 септември. Во дворот на градинката дечињата со музика и  песнички  посветени на мирот,   испратија  порака за мир.

Мирот започнува со секој од нас, затоа сите заедно да го негуваме кај децата  уште од најмала возраст, порача директорката Љупка Тренчева која додаде дека  годинава го одбележуваат Светскиот ден на мирот, согласно препораките поради актулената ситуација.  

Дечињата испееја и песничка посветена на мирот а секое дете држеше и балон со испишани пароли, кои на крајот ги пуштија во воздух.

Меѓународниот ден на мирот беше востановен во 1981 година со резолуцијата  на Генералното собрание на Обединетите нации. Првиот Ден на мирот беше одбележан во септември 1982 година.

Во однос на  актуелната ситуација со корона вирусот, засега нема никакви проблеми во детската градинка Ацо Караманов во Радовиш. Мерките и препораките  се почитуваат и  од страна на вработените  и од страна на родителите, додаде Тренчева.

 Во моментот во детската градинка „Ацо Караманов“ во Радовиш се згрижени околу 320 дечиња од кои 220 во градот и 100 дечиња во наслените места.

Continue Reading

Радовиш

Дали Југоистокот е ново жариште на корона вирус? Во Радовиш 8 нови случаи а во Струмица 15

Виолета | Media Press

Published

on

Осум пациенти починаа, а 144 се новозаразени од корона вирусот во Македонија, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16417,  бројката на оздравени пациенти е 13732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002. 

Continue Reading