Connect with us

Конче

Изградени нови улици во Дедино и во Ракитец, започнаа градежните активности и на нова улица во Конче

Media Press

Објавено на

Согласно програмата на владата за финансиска подршка на руралниот развој во општина Конче се асфалтирани повеќе улици во неколку населени места. Асвфалтирани се улици во Дедино и во Ракитец а во тек се и работните активности за изградба и асфалтирање на нова улица  во Конче. Општина Конче доби подршка од околу 9 милиони денари за изградба на овие улици.

„Општина Конче е како едно големо градолиште во овој период се со цел граѓаните на оваа рурална општина да имаат поубави развојни услови“,  рече градоначалникот Илиев.

 Жителите од овие населени места иако не сакаа да зборуват пред камера сепак коментираа дека се задоволни што конечно се асфалтира секоја улица и секое  сокаче по кое секојдневно поминуваат.  При секои врнежи од дожд тие беа приморани да одат низ кал и вода. Со асфалтирањето на улиците ќе се ги средат и дворовите пред своите домови, задоволно коментираа жителите на овие населени места.

Конче

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Media Press

Published

на

На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.

На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.

„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.

Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.

Прочитај повеќе

Конче

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

Media Press

Published

на

На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче,  полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.

Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе