Connect with us

Струмица

Четиригодишно дете е прегазено во Струмица, возачот е во бегство

Александар | Media Press

Published

on

Вчера на улицата „Никола Тесла“ во Струмица е прегазено е четиригодишно дете. Настанот се случил околу 18:00 часот при што возачот на автомобилот побегнал од местото на настанот.

Случајот го потврдија и од струмичката полиција од каде информираа дека по укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица заради карактерот на повредите детето е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од полицијата во присуство на јавен обвинител

Портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, доцна синоќа соопшти дека возилото со кое беше прегазено четиригодишното дете е пронајдено, а по возачот сеуште се трага.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Нова сообраќајна несреќа со возило кое превезувало мигранти

Виолета | Media Press

Published

on

 14 лица се повредени од кои четворица со тешки, а 10 со лесни телесни повреди во последната несреќа на возило полно со мигранти.  Несреќата се случи доцна синоќа на магистралниот пат Струмица Валандово кај Раборска раскрсница. До истата дошло откако комби возило со битолски регистарски таблички од засега непознати причини се превртело. Во возилото се превезувале 50 мигранти.

Веднаш по несреќата 24 лица се пренесени во струмичката болница каде им била укажана потребната медицинска помош. Во извлекувањето на повредените учествувала и екипа на противпожарната единица од Струмица со шестмина пожарникари.

 Веднаш по несреќата возачот кој управувал со возилото побегнал и по него во моментов се уште се трага. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица и јавен обвинител.

За еден месец ова е трета  сообраќана несреќа во струмичко со возило со мигранти.

Continue Reading

Струмица

Библиотеката во Струмица започна со работа и ги очекува своите редовни посетители

Виолета | Media Press

Published

on

ЛУБ”Благој Јанков Мучето – Струмица, од 06.07.2020 година (понеделник) повторно почнува да работи со корисници.

Во согласност со мерките и препораките од Владата на РСМ по предлог заклучоци од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, донесе одлука за отпочнување со работа на библиотеките.

ЛУБ”Благој Јанков Мучето – Струмица, ќе продолжи да работи со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.

ВАЖНИ УПАТСТВА ЗА КОРИСНИЦИТЕ

Задолжително носење лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства.

Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека (средството за дезинфекција е обезбедено од библиотеката).

Одржување на физичко растојание од 2 метри
Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел.

Библиотеката ќе ги следи мерките на надлежните органи и соодветно ќе ги прилагодува и менува постојните мерки на заштита. Библиотеката навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалната веб страна и на профилот на фејсбук.

РАБОТНО ВРЕМЕ
Понеделник до Петок

Работата со корисниците ќе се одвива во две смени:

Прва смена 8.00. – 11.30 часот
Пауза за дезинфекција на просторот 11.30 – 12.00 часот
Втора смена 12.00 – 16.00 часот

РАБОТА СО КОРИСНИЦИ

Само за враќање и позајмување книги
Обновување на членството и запишување на нови корисници.
Читалните нема да работат до донесување на новите упатства.

ВРАЌАЊЕ НА БИБЛИОТЕЧНА ГРАЃА ( КНИГИ)

Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови.
Вратените книги посебно се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.
Библиотеката нема да го евидентира пропишаниот рок за враќање на позајмените книги во периодот кога не работеше со корисници

Continue Reading

Струмица

Комбе полно со мигранти предизвика тешка сообраќајна несреќа во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Три лица се повредени, но се надвор од животна опасност, а уште неколку се здобиле со полесни повреди во денешната  сообраќајна несреќа во Струмица предизвикана од комбе полно со мигранти.

 Сите повредени се примени во струмичката болница и им е укажана неопходната помош. Несреќата се случила на улица Младинска во која комбето со кочански регистарски ознаки се движело со огромна брзина. Во еден момент изгубило контрола и удрило во неколку паркирани возила.

По несреќата дел од мигрантите избегале. За сега нема конкретни податоци  колкав бил нивниот број. Според неофицијалните информации се работи за бројка од околу триесетина мигранти . Детали за несреќата не соопштија ниту од МВР. Од таму само го потврдија настанот и информацијата дека комбе со кончански табли управувано од возач од Кочани учествувало во несреќата. Повеќе информации најавија по завршувањето на увидот и целосното расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading
Advertisement