Connect with us

Земјоделие

Владата донесе интервентна мерка за финансиската поддршка на продадена зелка

Виолета | Media Press

Published

on

На вчерашната седница, Владата донесе интервентна мерка наменета за стабилизирање на пазарот со зелка од домашно производство. Корисници на оваа интервентна мерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со зелка, а оствареното производство го имаат продадено кај регистриран откупувач, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Финансиската поддршка во износ од 3 денари по килограм  продадена зелка, ќе се исплати за количини кои се продадени во периодот од 5 април до 5 мај 2020 година. Со оваа интервентна мерка ќе се стабилизира пазарот со зелка кој во месец април беше дестабилизиран поради намалување на побарувачката и откупната цена, како последица од вонредната состојба предизвикана од коронавирусот.

Исто така, на вчерашната седница се усвои и Програма за изменување на Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година.

Со усвојувањето се овозможи префрлање на средства во висина од 110 милиони денари од Програмата за финансирање на активностите во тутунското производство за 2020 година во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година.

Со средствата кои се пренаменети ќе се изврши исплата на заостанатите обврски кон земјоделците, информира МЗШВ.

прикажи повеќе
Advertisement

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading

Земјоделие

МЗШВ се залага за градење партнерски однос меѓу произведувачите и откупувачите на земјоделски производи

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ја посети Општината Василево од Југоисточниот регион и оствари средба со градоначалникот Марјан Јанев и земјоделците производители на вишни и со откупувачите и преработувачи на вишни.

На средбата се разговараше за плановите за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компаниите преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните. Тие ги ислушаа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.

Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30% на 50%. Исто така, министерот Димковски ги информираше земјоделците за обезбедената поддршка од 10.000 евра за старт ап семејни бизниси како и за други мерки од доменот на работење на МЗШВ.

Заедничкиот заклучок од денешните средби е дека земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи.

МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

Continue Reading

Земјоделие

Уште две недели за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни.

„Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни.

Напоменуваме, дека остануваат уште две недели до истекот на рокот. Сите земјоделци кои имаат потреба да направат измени, треба да се обратат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19. Исто така, апелираме до сите земјоделци кои ќе доаѓаат во Подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца“, стои во известувањето.

По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат превземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да се стекне со право на финансиска поддршка велат од МЗШВ.

Continue Reading
Advertisement