Connect with us

Струмица

СВР Струмица: Едно лице не ја почитувало забраната за движење

Александар | Media Press

Published

on

Во текот на изминатото деноноќие како што известуваат од СВР Струмица, за време на забраната за движење евидентирано е дека само едно лице не ја почитувале забраната за движење.

Лицето е евидентирано и против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација исамоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Комбе полно со мигранти предизвика тешка сообраќајна несреќа во Струмица

Виолета | Media Press

Published

on

Три лица се повредени, но се надвор од животна опасност, а уште неколку се здобиле со полесни повреди во денешната  сообраќајна несреќа во Струмица предизвикана од комбе полно со мигранти.

 Сите повредени се примени во струмичката болница и им е укажана неопходната помош. Несреќата се случила на улица Младинска во која комбето со кочански регистарски ознаки се движело со огромна брзина. Во еден момент изгубило контрола и удрило во неколку паркирани возила.

По несреќата дел од мигрантите избегале. За сега нема конкретни податоци  колкав бил нивниот број. Според неофицијалните информации се работи за бројка од околу триесетина мигранти . Детали за несреќата не соопштија ниту од МВР. Од таму само го потврдија настанот и информацијата дека комбе со кончански табли управувано од возач од Кочани учествувало во несреќата. Повеќе информации најавија по завршувањето на увидот и целосното расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Избори 2020

Костадинов на маратонски брифинг со новинарите од Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов од Струмица, од СДСМ и колацијата „Можеме“ на маратански брифинг со новинарите од Југоисточниот регион, одговараше на прашања кои ги поставува новинарите, во име на граѓаните.

На прашањето дали може да се очекува некоја инвестиција во Радовиш па и во регионот, за вработување на невработените и да се спречи иселувањето на млади лица, Костадинов рече дека за да се привлече некоја странска или домашна инвестиција, најпрво треба да се изгради инфраструктурата.  

Continue Reading

Струмица

Опожарени неколку складирани возила на пункт за старо железо во Струмица

Александар | Media Press

Published

on

Во утринските часови од на пункт за старо железо на излезот од Струмица кон Валандово од непознати причини избувна пожар. Од ТППЕ Струмица известуваат дека се опожарени неколку возила што биле складирани во пунктот.

Во гаснењето на пожарот учествувале шест пожарникари со три противпожарни возила. Пожарот е успешно локализиран.

„Денес, (четврток) 02.07.2020 година во 09.25 часот во атарот на село Дабиле, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенираше на гаснење на запалена сува трева и ѓубре.Во 10.57 часот на бул.Климент Охридски со 3 ПП возила и 6 пожарникари интервенираше на гаснење на отпад на стари автомобили. Пожарите се успешно локализирани и ликвидирани.“ – Објавија ТППЕ Струмица на својата Фејсбук страница

Continue Reading
Advertisement