Connect with us

Радовиш

Во услови на вонредна состојба Советот на Општина Радовиш, ја одржа 41 седница на Совет

Виолета | Media Press

Published

on

 Во услови на вонредна состојба придржаувајќи се до сите мерки и препораки  за заштита, Советот на Општина Радовиш, денеска ја одржа 41 седница. Истата се одржа во Центарот за култура во Радовиш со цел да запазат прпораките за држење на растојаните од два метри.

За седницата беа предвидени само 4 точки за расправа  и тоа како прва точка од дневниот ред беше предвидена, Информација за спроведување активности во врска со спречување на внесување и ширење на корона вирусот Ковид – 19. По оваа точка детално образложение даде градоначалникот Герасим Конзулов, за тоа што како општина е преземено за заштита на населенеито.

Од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ побараа список на семејства кои добиле  некаков вид социјална помош од општината.

Советникот Горан Поцев  ги поздрави преземените мерки за заштита од страна на општината, но и предложи во најкраток можен рок повторно да се соберат и да ги разгледаат економските мерки за помош на бизнис секторот, на што се надоврза и претседателот на Советот Коле Чаракчиев. Тој рече дека за тоа се Владините мерки, но дека како Совет колку можат ќе влијаат и ќе дадат предлози.

Во продолжение на седницата следуваа уште три точки од дневниот ред: Информација за состојбата со дрвокрадството во Општина Радовиш; Предлог решение за разрешување и именување на член на Штабот за заштита и спасување на Општина Радовиш; и Предлог  Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – Специјално возило со надградба тростран кипер на ЈП Плаваја Радовиш.

Избори 2020

Двајцата кандидати за пратеници од Радовиш, Чаракчиев и Трајанов и денеска со предизборни активности

Виолета | Media Press

Published

on

Кандидатите за пратеници од Радовиш од двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и денеска со предизборни активности. Кандидатот за пратеник од СДСМ и коалицијата Можеме, Коле Чаракчиев го искористи денешниот  пазарен ден во Радовиш и денот го помина во разговор со граѓаните.

Кандидатото за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија на манастирот Свети Ѓеоргиј во Ораовица, оствари средба со  Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ Радовиш.

Continue Reading

Радовиш

Санирани пешачките патеки на 4 мостови во Радовиш, изградени се и пристапни рампи за инвалидизирани лица

Виолета | Media Press

Published

on

Извршена е санација на  пешачките ленти на 4 мостови во Радовиш, кои беа во незавидна состојба. Изградени се и пристапни патеки на мостовите како и на неколку места на тротоарот покрај кејот на Радовишка река. Конечно на лицата со телесен инвалидитет кои користат инвалидска количка како помагало за да се движат, како и на младите мајки со бебешки колички, им  олеснет пристапот до мостовите како и  движењето по тротоарот. Од високите рабници на тротоарите тие не можаа да пристапат на пешачките зони.

Исовремено беше извршено целосно асфалтирање на мостот кај Здравствениот дом  во Радовиш на кој при  секое врнежливо време се собираше вода. Овие активности се во рамките на програмата за тековно одржување на улиците и пешачките патеки во Радовиш. Извршено и обележување на хоризонталната  сигнализација на бул. Александар Македонски, на кој пред 10-тина дена  беше асфалтирана и втората лента.

Continue Reading

Радовиш

Рудникот Бучим континуирано ќе работи се до отпочнување со работа на Боров Дол

Виолета | Media Press

Published

on

Рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш ја заврши првата половина од оваа работна година, согласно предвидената програма. До крајот на Јуни заврши експлоатацијата на рудата на површинскиот коп, рече заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов.

Според Николов нема да има прекин во производниот процес до отпочнувањето со работа на новиот рудник Боров Дол, освен подготовките и нужните ремонти во флотација во текот на месец јули. Во овој месец 40-тина вработени се на принуден одмор, секако во договор со нив, рече Николов, но сепак ќе им биде исплатено 70% од платата.

Continue Reading