Connect with us

Здравје

Филипче: За утре е закажана првата екстракција на плазма, a овие денови почнува и т.н. озонска терапија

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција информираше дека за утре е закажана првата екстракција на плазма, a овие денови почнува и т.н. озонска терапија, методи кои ќе се користат пред  сè за најтешките пациенти.

„Од денеска во болницата „8 – ми Септември“ е пренесен апаратот за т.н. озонска терапија, озонирање на крвта, што е една метода која се користи за третманот на овие пациенти, пред  сè за најтешките пациенти. Има публикации и искуства од други земји, врз основа на тие искуства тимот на анестезиолози од болницата „8 – ми Септември“ направи детална анализа на навистина обемна литература и заклучи дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај овие пациенти така што од овие денови започнува и оваа апликација. Практично станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа истата се враќа во неговата циркулација. Утре е закажана и првата екстракција на плазма, која исто така ќе се користи за третман на овие пациенти на Институтот за трансфузиона медицина“, информираше министерот Филипче.


На редовната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче повторно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за носење на заштитна опрема.


„Има примери на граѓани, кои навистина се придржуваат до овие мерки, одржување на дистанца и носење на заштитна опрема за лице, маски, но има и слики по медиуми и мрежи, од граѓани, кои не се придржуваат до овие мерки. Сакам да напоменам дека е многу важно во овој период кога има зголемен број на часови дозволени за движење во текот на денот дека само со оваа мерка – носење на заштитна прекривка на устата и на носот или маска, ние може да ставиме крај на ширење на вирусот“, потенцираше Филипче.

Здравје

140 нови случаи на ковид-19, од кои 15 се од Гевгелија, Струмица и Радовиш

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694,  бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6292, активни 566

• Куманово 1589, активни 215

• Дебар 268, активни 35

• Штип 1204, активни 76

• Прилеп 551, активни 133

• Тетово 1291, активни 120

• Струга 620, активни 60

• Велес 285, активни 16

• Битола 244, активни 47

• Охрид 389, активни 59

• Кавадарци 198, активни 27

• Гостивар 847, активни 97

• Гевгелија 82, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 101, активни 44

• Крива Паланка 80, активни 36

• Радовиш 52, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 184, активни 50

• Пробиштип 94, активни 17

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 84, активни 12

• Пехчево 42, активни 27

• Берово 72, активни 33

• Валандово 11, активни 3

• Виница 91, активни 31

• Делчево 124, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 5

• Свети Николе 307, активни 21

• Кичево 290, активни 37

• Ресен 151, активни 4

• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-257,  Биотек-179 , МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –68, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-26, Инфективна клиника-31, ГАК-23, лаборатории од странство-0. 

Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Continue Reading

Здравје

По четири дена повторно еден позитивен случај на Ковид-19 во Радовиш

Александар | Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 9
-Дебар 1
-Прилеп 5
-Тетово 3
-Гостивар 1
-Гевгелија 12 (странски државјани)
-Струмица 1
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Делчево 1
-Кратово 1

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:

-Скопје 171
-Куманово 15
-Штип 10
-Прилеп 15
-Тетово 2
-Велес 6
-Битола 2
-Кавадарци 4
-Гостивар 2
-Гевгелија 2
-Пробиштип 3
-Пехчево 3
-Берово 5
-Виница 1
-Свети Николе 8
-Кичево 1
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.

Continue Reading

Здравје

92 нови случаи на Ковид – 19, починале 3 лица. Расте бројот на заболени и во Југоистокот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Kовид-19 во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и еден во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и тројца од Делчево.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 6.114, активни 754
• Куманово 1.539, активни 262
• Дебар 260, активни 28
• Штип 1.182, активни 106
• Прилеп 520, активни 152
• Тетово 1.251, активни 124
• Струга 595, активни 65
• Велес 278, активни 26
• Битола 225, активни 42
• Охрид 360, активни 45
• Кавадарци 190, активни 51
• Гостивар 822, активни 136
• Гевгелија 61, активни 36 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 82, активни 30
• Крива Паланка 60, активни 20
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 160, активни 33
• Пробиштип 89, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 77, активни 10
• Пехчево 38, активни 31
• Берово 68, активни 46
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 28
• Делчево 102, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 302, активни 46
• Кичево 286, активни 47
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 9 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 157.519 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87, а на кислородна поддршка се 53 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на Ковид-19, како и 4 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 21 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Continue Reading