Connect with us

Технологија

Популарниот Zoom добива конкуренција од Facebook, Преставена Messenger Rooms

Александар | Media Press

Published

on

Се повеќе се зборуваше за тоа како Zoom достигна 300 милиони за само неколку месеци, најмногу поради коронавирусот и дека поголемиот дел од комуникацијата се пресели на интернет.

Компанијата Фејсбук ја објави својата нова алатка Messenger Rooms, со која се овозможува групни аудио и видео повици со најмногу 50 луѓе. Исто така, од компанијата го удвојуваат капацитетот на луѓе во видео повици на WhatsApp од четири лица на осум лица.

Алатката Messenger rooms нема ограничување на разговорорите, при тоа овозможува дури и оние кои немаат кориснички профил на Фејсбук да учествуваат во поканите за групниот разговор. Оној што ќе го креира повикот има целосна контрола на разговорот, односно може да покани или исклучи било кого од конверзацијата.

Messenger Rooms ќе бидат достапни во Messenger апликацијата во скоро сите земји каде е достапен Фејсбук, велат од компанијата.

Технологија

Системот за пораки на Facebook, Instagram и WhatsApp се спојува во една апликација

Александар | Media Press

Published

on

Од „Facebook“ уште претходната година најавија дека апликациите „Messenger“, „WhatsApp“ и „Instagram“ ќе бидат споени во заедничка платформа за размена на пораки.

Веќе корисници во САД забележуваат дека после ажурирање на апликацијата „Instagram“ на најголемите оперативни системи iOS и Android им се менува изгледот на вградениот систем за размена на пораки.

После ажурирањето, освен изгледот на апликацијата се добиваат и опциите од „Messenger“
односно реакции со емотикони на пораки и одговарање на специфични пораки како во „WhatsApp“.

Со ова започнува фазата на тестирање на дологорочниот план на „Facebook“. Односно, спојување на сите платформи за пораки во една со цел да се овозможи полесна комуникација меѓу нив. Според плановите на „Facebook“, целиот систем се очекува да стапи во функција во текот на 2020 година.

Continue Reading

Технологија

Најновата технологија на брзо полнење допринесува до 50% полнење на батеријата за пет минути

Александар | Media Press

Published

on

Qualcomm® Quick Charge™ технологијата е број еден метод за брзо полнење. Петата серија на оваа технологија е најбрзото светско комерцијално решение кое носи неверојатни резултати со полнење на телефоните до 50% за околу пет минути со нови технологии и безбедносни карактеристики.

Од компанијата истакнуваат дека Qualcomm® Quick Charge™ 5 во споредба со претходната генерација доаѓа со 70% поголема ефикасност и многу поголема брзина на полнење на батеријата. Ова се однесува на “dual charging” решението, кое всушност батеријата ја дели на две 2250mAh ќелии, кои се поврзани за да се зголеми напонот.

Оваа технологија доаѓа со два пати поголеми брзини и многу нивоа на заштита. Поставени се осум нивоа на наднапонска заштита, три нивоа на термичка заштита и три нивоа на прекуструјна заштита во системот на полнење.

Continue Reading

Технологија

Хакирани веб страниците на Министерството за Здравство и Министерството за Образование

Александар | Media Press

Published

on

Официјалната веб-страница на Министерството за здравство не функционира, станува збор за хакерски напад кој синоќа ја сруши и официјалната веб страница на Министерството за Образование .

Од таму соопштуваат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

Целата одговорност за хакерските напади ја презеде групата која стои зад профилот„anonopsmkd“, која исто така ја презеде и одговорноста и за паѓањето на страницата на Тајм.мк.

„Сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, напишаа хакерската група AnonOpsMKD.

Continue Reading