Connect with us

Македонија

500 Излекувани пациенти од Ковид-19 во земјава

Александар | Media Press

Published

on

„До денеска имаме вкупно 500 пациенти оздравени од КОВИД-19! Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства. За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме.“ Напиша на фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во:
– Скопје 3
– Куманово 8
– Прилеп 2
– Струга 2
– Велес 2
– Гостивар-1
– Виница 1

Со ова вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1386 лица. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Македонија

88 нови случаи на Ковид -19, вкупно во земјата бројот на активни изнесува 2078

Виолета | Media Press

Published

on

Во изминатово деноноќие во Македонија починаа пет пациенти, а има и 88 новозаразени граѓани од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство.

-Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г), се наведува во инфорамцијата.

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 45, Куманово 4, Штип 1 , Прилеп 7, Тетово 6 , Струга 3, Битола 2 , Охрид 3 , Гостивар 1, Струмица 7,Крива Паланка 2, Кочани 3, Македонски Брод 1, Виница 1 и Кичево 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје 42,Куманово 17,Штип 7,Прилеп 16,Тетово 10,Велес 1,Битола 2,Охрид 4,Гостивар 10,Гевгелија 4 ,Крива Паланка 5,Радовиш 2,Кочани 4,Пробиштип 2,Пехчево 2,Кратово 1 , Свети Николе 2,Кичево 3 и Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078, се наведува во информацијата.

Continue Reading

Македонија

(Во живо) Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Виолета | Media Press

Published

on

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Continue Reading

Македонија

Маричиќ – Тимоние: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристиан Тимоние, кој е во заминување,

Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Северна Македонија.

Маричиќ потенцираше дека Франција како голем пријател на Северна Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ, но и дека е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.

Continue Reading