Радовиш
Со засилени контроли ќе се решава дрвокрадството во Радовиш. Освен во шумските појаси ќе се контролираат и дворовите
Објавено на
Од
Media Press
Со координирана акција на шумската полиција и припадниците на Полициската станица во Радовиш ќе се решава долгогодишниот проблем со дрвокрадството во радовишко. И дровкрадците и купувачите на огревно дрво да бидат внимателни. Ќе се врши контрола во дворовите по секоја дојава или сомнителна ситуација.
,, Мерките ги заоструваме, имавме состанок со сите институции кои се директно одговорни за овој проблем и се сложивме да се засилат контролите како во шумските појаси така и на сите патишта. Паралалено ќе има контроли и по дворовите на радовишани за да се утврди потеклото на огревните дрва. Ако се бесправно набавени ќе бидат одземени“, вели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов, кој сериозно се зафати со решавање на овој проблем.
Тој додава дека мора сите заедно да придонесеме во сузбивањето или минимизирањето на дрвокрадството во Радовиш.
Ваквите одлуки беа донесени на заедничкиот состанок со надлежните институции откако на лице место беше фатен дрвокрадец како пренесува околу 2 кубика буково огревно дрво натоварено на запрежно возило на влезот во Радовиш од кај планината Плачковица на улицата ,,Коџа баир’’. Пред три дена радовишката полиција во соработка со вработени од шумската полиција откри бесправно сечени огревни дрва во двор, истите се одземени а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Градоначалникот Конзулов уште еднаш упати апел да не се уништува шумскиот фонд на Плачковица и граѓаните да се снабдуваат со легални дрва преку подружницата на Национални шуми во Радовиш.
Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

