Connect with us

Економија

Прес-конференција за новата кредитна линија за бескаматни кредити преку Развојната банка

Виолета | Media Press

Published

on

Прес-конференција на министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на Развојната банка Кире Наумов и директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

прикажи повеќе
Advertisement

Економија

Од вечерва на полноќ, се намалуват цените на горивата

Виолета | Media Press

Published

on

Малопродажната цена на горивата од вечерва на полноќ ќе биде намалена, соопштува Регулаторната комисија за енергетика . Во согласност со методологијата за одредување на цените на нафтените деривати, цената се намалува во просек за 2,93% во однос на минатата недела, информира РКЕ .

Според новата одлука, цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар по литар гориво. А цената за Еуродизел се намалува за 1,50 денар. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 од вечерва на полноќ ќе се точи за 58,50 денари од литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 60,50 денари, додека пак Еуродизелот ќе се продава за 49 денари по литар гориво.

Continue Reading

Економија

Во текот на следните денови ќе се знае точниот датум на почеток на обесштетувањето на осигурените депозити од Еуростандард банка

Александар | Media Press

Published

on

Фондот за осигурување на депозити ги известува депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај дека е склучен договор со банките-исплатувачи. Во текот на следните денови, Фондот преку соопштение до медимуите и јавноста ќе ги извести депонентите за точниот датум на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи и за распоредот на депоненти по банки – исплатувачи.

Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката за да го оствари правото на обесштетување. Со тоа се постигнува депонентите да не чекаат одделно за подигнување на потврдите од „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај.  

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.  Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на Полномошно заверено од нотар.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Банките-исплатувачи преносот на средствата на обесштетување ќе го вршат на следниот начин:

–      Доколку износот на обештетувањето е еднаков или поголем од 5.001,00 денар, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот во банката-исплатувач.

–      Доколку депонентот нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач, истата ќе биде отворена согласно законските прописи. По отвoрање на сметката, банката-исплатувач ќе изврши пренос на средствата за обесштетување на трансакциската сметка на депонентот.

–      Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари, банката-исплатувач од наменската сметка на Фондот во банката-исплатувач ќе изврши готовинска исплата на средствата за обесштување, доколку депонентот до тој момент нема отворено трансакциска сметка во банката-исплатувач. 

Во случај депоненот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на обесштетувањето во рок од 36 месеци од денот на почеток на исплатата.

По истекот на овој временски период депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој останува посветен да обезбеди обесштетување независно кога депонентот ќе достави барање за да го оствари своето право на обесштетување. 

Continue Reading

Економија

ССК од Владата побара итно нов сет мерки за спас на економијата

Александар | Media Press

Published

on

Сојузот на стопански комори на Македонија на денешната официјална средба со претседателот на Владата и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување.

Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите  финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината.

Најавата за  укинување на парафискалните односно скриени давачки кои во вкупната сума често ги надминуваат даночните обврски, беше едно од нашите барања и очекуваме согласно ветеното реализација на ова ветување. Овие скриени и непредвидени трошоци кои согласно регистарот на ССК ги има повеќе од 145 се очекува да се скратат, со што во време на криза ќе биде дополнителна помош за претпријатијата. – изјави Арсовска

Арсовска додава дека посебен акцент треба да се стави на коалициската борба со корупцијата за да нема можност за изигрување на прописите.

На состанокот, претседателот на Владата, Зоран Заев, најави капитални инвестиции, стабилна даночна политика, дигитализација, реформа во администрацијата, намалување на парафискалните давачки за 70%, поддршка на извозот, владеење на правото.

Continue Reading