Connect with us

Македонија

Oпомени за непочитувањето на задолжително носење лична заштита до 30 април, потоа казни

Виолета | Media Press

Published

on

После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила.


Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.


На секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

Според оваа уредба секое лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Контролите ќе ги вршат Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, секој согласно надлежностите утврдени со Закон.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Избори 2020

Трипуновски: Жетвата на пченицата е веќе почната, цена за пченицата сеуште не е дефинирана

Виолета | Media Press

Published

on

Жетвата на пченицата е веќе почната а од она што го добивам како информација од земјоделците цена за пченицата сеуште не е дефинирана истакна Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при  денешната посета на стумичкиот регион.

Тој упати апел до Владата како што рече „во заминување“ да седне на заедничка маса и со откупувачите и со земјоделците за да се дефинира цената на пченицата како една од стратешките култури во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Новинарите и медиумските работници со плата далеку под просечната

Виолета | Media Press

Published

on

Ниските примања, како и непочитувањето во целост на Законот на работни односи од страна на работодавачите се најчестите проблеми со кои со години се соочува медиумската фела, велат од ССНМ.

Според Државниот завод за статистика за месец април 2020 година просечната плата изнесувала 25.830 денари. Според ова, најголемиот дел од новинарите имаат месечни примања далеку под просечната плата во земјава. Според последниот извештај на „Репортери без граници“ од 180 земји, Македонија е рангирана на 93 . место, што само по себе зборува за атмосферата во која работат медиумските работници.

Најголемиот дел од новинарите и медиумските работници земаат од 15.000 до 20.000 денари плата. Ова го покажува анкетата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), спроведена на 150 испитаници, на кои им беа поставени прашања во врска со работничките права и состојби во новинарските редакции во земјава. Вкупно 53 лица или 35,3 % одговорија дека нивните месечни примања се од 15 до 20 илјади денари, додека пак 46 лица или 30,6% одговориле дека добиваат месечна плата помеѓу 20 и 25 илјади денари . Дваесет луѓе или 13,3% одговорите дека нивната плата е во висина од 25 до 30 илјади денари, а 23 лица или 15,3% земаат над 30 илјади денари плата. Само осуммина или околу 5% одговориле дека нивните примања се под 15 илјади денари во месецот.

Медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одрази и на губењето на работно место и намалување на платите. Четворица останале без работа, а 45 одговориле дека познаваат колеги ја изгубиле работата . Во проценти, 33% од анкетираните знаат дека некој во медиумскиот бизнис овој период останал без плата.

Најмногу кратење имало кај новинарите со полно работно време вкупно 11 новинари. Четири слободни новинари се соочиле со кратење на приходите од 20% (1), 15% (1), 10% (2). Некаде, е забележано делумно намалување на платите. На пример, на петмина новинари со полно работно време скратени им се 30% од примањата овој период на криза . Половина од платата (50%) добил еден новинар, двајца по 20% намалување, двајца 10% помалку и на еден новинар му била скратена платата за 15%. Покуси за 20% и 30% од платата останале и двајца уредници. Еден фоторепортер добил плата скратена за 30%.

Од вкупно 150 испитаници во анкетата на ССНМ, 73 се машки пол, а 77 се жени, возрасната граница се движи од 23 до 62 години. Од испитаниците најголем дел одговориле дека работат во телевизија – 77, додека пак во електронски медиуми 54 . Од печатените медиуми биле 16 испитаници и само тројца кои работат во радио.

Во однос на која позиција работат, 84 лица одговориле дека се новинари со полно работно време, 19 дека работат како слободни новинари, сниматели се 14, монтажери и уредници по 10, на работно место во режија шест лица,  двајца фоторепортери и петмина дописници.

Клучни податоци:

– 35% од медиумските работници имаат од 15 до 20 илјади денари плата, што е далеку под просечната

– 67% не се задоволни од платата или хонорарот

– 63% одговориле дека никогаш не користеле боледување

– 23% не се здравствено и социјално осигурани

– 62% одговориле дека постои социјален јаз во редакцијата

– 19% одговориле дека менаџментот не дозволува синдикално организирање

– 21% не го познаваат Законот за работни односи

Continue Reading
Advertisement