Македонија

Османи: Од вечерва почнуваат рамазанските пости, период кога секој од нас треба да се сврти кон себе

По повод започнувањето на рамазанските пости Заменик претседателот  на Владата задолжен за европски прашања Бујар османи се обрати на јавноста.

“Од вечерва почнуваат рамазанските пости, едена од најзначајните обврски што ни помага да се одвоиме од овоземските предизвици и да се посветиме на нашата внатрешна  духовната светост. Ова е период кога секој од нас треба да се сврти кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон бога за да го почувствуваме единството и еднаквоства пред бога,  кое што ни го овозможува овој месец преку постот, избегнувањето на лошите навики и гревови – истакна Османи при што додаде дека денеска кога сите сме соочени со длабока криза, предизвикана од една од најголемите пандеми во историјата КОВИД-19, токму во изградбата на нашиот внатрешен духовен мир се наоѓа и одговорот на оваа сегашна закана.

“Седете дома; бидете со своите најблиски; посветете се на себе, на фамилијата, на бога  и со тоа помогнете си најмногу на себе, на своите најбилиски, но и на сите нас – да создадеме вистинско колективно единство

Нека ни е честит и благословен месецот Рамазан”- додаде Османи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago