Гевгелија

Идентификувани вкупно 32 лица кои играа оро на улица во Гевгелија, се соочуваат со казни

Вкупно 32 лица кои на 19 април наместо да го почитуваат полицискиот час и забраната за движење беа собрани на едно место и со оро на улица  го славеа Велигден, се идентификувани и се соочуваат со казни.

Постапката,  полицијата ја води во координација со гевгелиското јавно обвинителство. По целосното документирање на случајот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави. Доколку се утврди нивната вина сите се соочуваат со  парични казни или затвор во траење до една година.

Инаку,  освен во Гевгелија со казни за непочитување на одлуките и мерките на Владата со кои се забранува движење на населението на територијата на државата се соочуваат и 24 лица од Струмица. 

Против сите нив струмичкото обвинителство вчера до основниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози . Обвинителството на судот му предлага на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 или 20 евра во денарска противвредност.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago