Connect with us

Свет

Поднесена првата тужба против Кина поради КОВИД-19

Давид | Media Press

Published

on

china

Американската сојузна држава Мисури поднесе тужба против Кина, обвинувајќи ја кинеската Влада за светската пандемија на коронавирусот. Воедно и републиканските пратеници бараат од Трамп да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд во Ден Хаг.

Имено републиканските конгресмени побараа од јавниот обвинител на САД, Вилијам Бар, државниот секретар Мајк Помпео и од претседателот Доналд Трамп, да покренат постапка против Кина во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за дејствата на оваа земја за време на пандемијата.

Тужбата е поднесена пред американски суд и меѓу другото, во неа се бара одговорност од владата и Комунистичката партија во Пекинг за смртните случаи и за економските штети настанати и во американската сојузна држава Мисури како последица на коронавирусот во која досега се потврдени речиси шест илјади случаи на заразеност од коронавирус, а 215 лица починале.

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Шведската Влада не препорачува децата да се вакцинираат против Ковид-19

Виолета | Media Press

Published

on

Шведските експерти сметаат дека децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа  шведската Влада нема да препорача вакцинирање за коронавирусот на децата под 18-годишна возраст.

Шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се од ранливите групи и на постарите лица, пренесе Си-Ен-Ен.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, објасни дека Шведска работи според принципот на доброволна вакцинација, а тоа било случај и за време на минатите пандемии, кога биле вакцинирани голем број луѓе.

Continue Reading

Свет

Видео од кое секој може да извлече поука

Виолета | Media Press

Published

on

Голема гледаност и безброј коментари предизвика водеото во кое се гледа како девојче со гума е прилично одалечено од брегот, однесено од морските бранови и како се обидува крајбрежната стража да му помогне. Поука за младите родители кога се на одмир да не ги оставаат децата сами во вода, бидејќи природата знае да биде и немилосрдна. За среќа девојчето беше спасено навреме.

Continue Reading

Свет

Трамп најави дека е одобрена терапија со крвна плазма во третманите на заразените со корона вирусот

Виолета | Media Press

Published

on

Федералната агенција за лекови (ФДА) итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со корона вирусот, соопшти Американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен – порача Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Во САД веќе починаа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица со корона вирус – повеќе од било која друга земја во светот.

Continue Reading