Connect with us

Македонија

МВР: 117 лица не ја почитувале забраната за движење

Александар | Media Press

Published

on

Викендов се спроведуваше најдолгото ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР:

Евидентирани се 117 лица на територијата на целата држава што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се 3 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

165 нови случаи на ковид-19, 7 починати лица

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Направените 1454 теста.  Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е 11 помалку од претходната недела на известување од Институтот за јавно здравје. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 67,4%. Кај 38 од смртните случаи (82,6%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Continue Reading

Македонија

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека  на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

Continue Reading

Здравје

Филипче: Кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот

Виолета | Media Press

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција информираше за најновата состојба со вирусот КОВИД-19 во нашата земја, за состојбата во болниците, подготвеноста на капацитетите за следниот период, се осврна на анализите од Институтот за јавно здравје за изминатите недели, како и на состојбата во регионот.

„Во изминатите десет дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот, во соседните земји. Светската здравствена организација извести дека 60% од случаите од 10 милиони инфицирани со КОВИД-19 ширум светот се регистрирани во месец јуни. Ова потврдува дека насекаде има нов бран, кај нас дојде нешто порано и мислам дека многу рано го детектиравме. Сега се јавува во сите земји од нашето опкружување и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и на непочитувањето на мерките за лична заштита“, потенцираше министерот Филипче.

Состојбата во светот, исто така потврдува дека првичните предвидувања на светските здравствени авторитети дека вирусот во текот на летото ќе исчезне – практично не се остварија.

„Во последните денови, светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати и тоа е уште една потврда дека вирусот е тука. Ќе остане очигледно подолго време, а ние мора да бидеме подготвени. Мора да го подготвуваме здравствениот систем, да ги почитуваме мерките за лична заштита, да се навикнеме на новата реалност, што значи продолжување на сите нормални активности, но со почитување на мерките за лична заштита. Исто така мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае и подолго од тоа што првично сите земји во светот го очекуваа“, изјави министерот Филипче.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје од 20 до 28 јуни споредено со претходната недела, во нашата земја регистрирани се 303 помалку нови случаи со КОВИД-19, со помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти. Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек претходните три недели, што значи и минатата недела инциденцата е нешто пониска. Р0 Факторот на преносливост во изминатите десет дена, два до три дена е само над единица – 1,1, целиот останат период е околу 0.9.

Continue Reading
Advertisement