Connect with us

Македонија

Доставен предлогот до Владата, утре ќе се одлучува дали ќе има кратење на полицискиот час

Виолета | Media Press

Published

on

Според министерот за здравство Венко Филипче, најновите анализи и проекции укажуваат дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење, но на сметка на подигнување на мерките на лична заштита. Согласно овие анализи, Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести доставиле во Владата, Предлог-измени во мерките за ограничување на движењето и воведување на нови мерки за лична заштита на населението. Оваа комбинација на мерки ќе дозволи порастеретено луѓето да се движат, истовремено зголемувајќи ја таа потреба за лична заштитна опрема на секој граѓанин, додека се движи.

Согласно ова, министерот Филипче информираше дека предлогот е да се направат следните измени:

„Полицискиот час да започнува секој работен ден во 19:00 часот, наместо во 16:00 часот, како што тоа беше досега. Со ова, ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат своите обврски, да набават намирници од продавниците и маркетите.

– За возрасните граѓани да продолжи времето на движење, од 08:00 до 12 часот, наместо од 10:00 до 12:00 часот.
– Продолжување на периодот во којшто се движат и младите до 18 години, во периодот од 13:00 до 16:00 часот.
– Полицискиот час за време на викендот да остане со скратено време и сега да почне во сабота во 13:00 часот и да заврши во понеделник во 05:00 часот наутро.

Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите. Паралелно со ова релаксирање на мерките воведуваме нови задолжителни мерки на лична заштита и како што веќе најавивме, граѓаните ќе треба да носат лична заштитна опрема на лицето при движење во затворени објекти и на отворено во ситуација кога нема да бидат во можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од два метра. Заштитна опрема треба да се носи при движење во сите јавни места од затворен тип, како маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи. Сите затворени објекти во коишто има повеќе лица“, информираше министерот Филипче, на денешната редовна прес-конференција.

прикажи повеќе
Advertisement

Избори 2020

ВМРО -ДПМНЕ од Штип: Доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата

Виолета | Media Press

Published

on

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Штип. „Зборувавме со претставниците од реалниот сектор, од бизнисот. Луѓето се прилично задоволни од сето она кое што ВМРО-ДПМНЕ го има вклучено во овие 1000 решенија содржани во 360 страни „Проект – обнова“. Се повеќе луѓе се приклучуваат и застануваат позади Обновата. Тоа се чувствуваше и првиот ден, уште од Охрид. Но, еве и потврда тука во Штип дека поддршката е голема за реформите коишто ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

„Денеска сме во посета на Штип, на последниот ден од кампањата, што туку завршивме со трибината со здравствени работници, односно со медицинскиот персонал, ни се придружија и огромна благодарност со проф. д-р Сашко Кедев и доцент доктор Игор Николов.

Разговаравме овде со медицинскиот персонал кои се пред се проблемите со кои се соочуваат последните неколку години, но и  секако да им ја претставиме докторите и медицинскиот персонал што е она што новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира да го направи во здравството и целиот здравствен систем, која ќе биде визијата, како ќе се движи развојот и да кажам трансформацијата во здравството.

Она што имам да го порачам на штипјани, она што имам да го порачам на сите граѓани од Република Македонија, луѓе кренете ги главите исправете ја кичмата, буквално ставете ги насмевките на  вашите лица бидејќи доаѓаат најдобрите 4 години во историјата на државата“ вели Игор Јанушев, во изјава за медиумите .

Continue Reading

Избори 2020

Заев од Конче: На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции

Виолета | Media Press

Published

on

Последен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори. Партиите ги претставуваат своите кандидати за пратеници, ја промовират програмата и ја барат подршката од граѓаните. Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во Општина Конче. Тој заедно со градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев и кандидатот за пратеник Коле Чаракчиев оствари средба со жителите од Конче и Дедино.

„На 15 јули, во среда имаме важни избори на кои се носи голема одлука. На 15 јули носиме одлука за сопствената иднина и за иднината на нашата татковина. Денес на последниот ден од кампањата, пред нас се исправени две спротивставени перцепции, два целосно спротивставени концепти“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Едниот концепт на СДСМ и коалицијата „Можеме“ кој ја носи земјата напред, кон ЕУ и НАТО, другиот на ВМРО-ДПМНЕ кој нуди само обнова на режимот, обнова на криминалот и туркање кон изолација. Концептот кој носи пари кај граѓаните и концепт кој зема пари од граѓаните. На 15 јули бираме дали земјоделците ќе добиваат 200 милиони евра годишно субвенции и поддршка за рурален развој, или ќе добиваат лажни ветувања, манипулации и уцени со исплатата на субвенциите“ вели Заев.

Continue Reading

Избори 2020

Чулев: Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани

Виолета | Media Press

Published

on

Сите прекршители на изборниот процес ќе бидат најстрого санкционирани. Ова го порача министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на Струмица . Тој најави дека се преземени сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности. Чулев апелираше до полициските службеници да не подлегнуваат на било какви политички, односно партиски или пак притисоци од бизнис структури и нивните задолженија да си ги извршуваат согласно чесноста и професионализмот. Истото им го порача и на граѓаните, слободно да излезат и да гласаат според нивната волја и убедување.

,, Да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури. Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да  си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција,, рече Чулев

Министерот Чулев потенцираше дека секој што ќе биде инволвиран во кривично дело поврзано со изборни нерегуларности се соочува со казна затвор до 10 години. Затоа апелираше и до граѓаните но и полициските службеници доколку се најдат во ситуација некој да им врши притисок уцена или закана  за гласање или пак им биде понуден поткуп веднаш да го пријават до МВР со цел најстрого санкционирање.

Continue Reading
Advertisement