Connect with us

Земјоделие

Денеска тутунарите со презимиња на буквите А, Б, В, Г и Д, можат да ги подигнат парите за субвенции во банка

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска тутунопроизводителите чии што презимиња започнуваат на буквите А, Б, В, Г и Д, ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите за тутунот на шалтерите на банките.

Во текот на утрешниот ден, според редоследот за подигнување на готовина од банка, се тутунопроизводителите чии што презимиња започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј и К.

Истовремено од МЗШВ известуваат дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време од 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:

•          НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;

•          Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период. Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите,  движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

„И при одењето во банка, потсетуваме,зарадизаштита на јавното здравје, да се почитува утврдениот распоред и препораките за држање на растојание додека се чека ред“; велат од МЗШВ.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потенцира дека уплатените средства, веќе се на сметките на тутунопроизводителите и им се на располагање постојано и доколку немаат потреба од подигање на готовина во банките, тоа имаат можност да го сторат и во следните денови на банкоматите, со цел да не се создваат гужви во банките, а во интерес на заштита на колективното здравје.

„Истовремено, потсетуваме дека заради заштита на здравјето, соодветно е овие средства да ги користите и со употреба на електронското или мобилното банкарство, преку коишто може да вршите и трансакции/плаќања итн. Со тоа ќе избегнете физичка посета на банките и чекање во ред, и клучно – ќе го заштитите и своето и здравјето на другите.

Субвенциите за тутунот се  веќе се на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019“, стои во известувањето од МЗШВ.

Земјоделие

МЗШВ се залага за градење партнерски однос меѓу произведувачите и откупувачите на земјоделски производи

Александар | Media Press

Published

on

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ја посети Општината Василево од Југоисточниот регион и оствари средба со градоначалникот Марјан Јанев и земјоделците производители на вишни и со откупувачите и преработувачи на вишни.

На средбата се разговараше за плановите за откуп на вишни и за откупната цена, како и за идните инвестиции во компаниите преку мерките од ИПАРД2 програмата. Преработувачката индустрија има клучна улога во обезбедувањето на пласман на земјоделските производи, вклучително и на вишните. Тие ги ислушаа и предлозите на земјоделците производители на вишни за начинот на годинешниот откуп на вишни и за откупната цена.

Со цел да има непречен откуп на вишни, МЗШВ како ресорно министерство ќе организира и заедничка средба со земјоделците и откупувачите.

На средбата, министерот ги информираше земјоделците и за новиот Правилник за флексибилност за растително производство, кој што овзможува продажба на прерaботки од земјоделски производи од куќен праг како и за сите мерки кои ги превзема МЗШВ за справување со последиците од КОВИД – 19 врз земјоделството, како што е зголемувањето на процентот на покривање на трошоците за набавка на зелена нафта од 30% на 50%. Исто така, министерот Димковски ги информираше земјоделците за обезбедената поддршка од 10.000 евра за старт ап семејни бизниси како и за други мерки од доменот на работење на МЗШВ.

Заедничкиот заклучок од денешните средби е дека земјоделците и откупувачите, мора да градат партнерски однос, што е важно за стабилен пласман на земјоделските производи.

МЗШВ и во следниот период ќе креира мерки за поддршка на примарното производство и на преработувачката индустрија, како две клучни алки за одржливо земјоделско производство.

Continue Reading

Земјоделие

Уште две недели за промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци кои имаат потреба да извршат промена на податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) по било кој основ, истото да го направат заклучно со 30 јуни.

„Поради состојбата предизвикана од Ковид -19, со цел да им овозможиме на земјоделците без никаков ризик по нивното здравје да можат да ги извршат промените, рокот кој вообичаено е до 15 март, го продолживме до 30 јуни.

Напоменуваме, дека остануваат уште две недели до истекот на рокот. Сите земјоделци кои имаат потреба да направат измени, треба да се обратат во Подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се подготвени да одговарат на работните обврски со целосна заштита од Ковид -19. Исто така, апелираме до сите земјоделци кои ќе доаѓаат во Подрачните единици на МЗШВ, да ги почитуваат мерките за заштита, да носат заштитна опрема и да одржуваат дистанца“, стои во известувањето.

По истекот на рокот, податоците од ЕРЗС ќе бидат превземени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и другите надлежни институции кои имаат обврска да извршат ажурирање на податоците, со цел да се утврди кој може да се стекне со право на финансиска поддршка велат од МЗШВ.

Continue Reading

Земјоделие

Намалена бројката на склучени договори со тутунопроизводителите, количините на тутун ќе бидат помали за околу 4000 тони

Александар | Media Press

Published

on

Околу четири илјади тони тутун помалку во споредба со лани се очекува да бидат произведени годинава, велат од Сојузот на тутунските здруженија.

Тутунските откупни компании во Македонија годинава склучиле 2.796 договори помалку од претходната година или договори за 22.959 тони на тутун. Во споредба со лани откупиле 26.730 тони што е за 3.770 тони повеќе од договорите годинава.

Од Сојузот на тутунарски здруженија не знаат на што се должи ова намалување на склучените договори бидејќи поради корона кризата немале средби со откупувачите. Годинава тутунопроизводителите посадиле близу 12.100 хектари тутун, што е за 1500 хектари помалку.

Остануваат со нивните барања годинава тутунот да се цени само во 3 класи и да има покачување на цените, односно прва класа да биде 280 денари, втора 220 и трета 170 денари за килограм тутун.

Continue Reading