Connect with us

Македонија

Упатени лажни покани до граѓаните во врска со наводна тековна истрага

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека деновиве до одредени граѓани и правни лица од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отварат овие електронски пораки“, соопштуваат од МВР. 

прикажи повеќе
Advertisement

Земјоделие

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта по програма 2020 година

Виолета | Media Press

Published

on

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на Струмичкиот регион од каде што информираа за започнувањето на распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта.

Преку подрачните единици на МЗШВ,  ќе се поделат новите картички во сите региони во државата.

Оние кои веќе имаат картички од лани, по автоматизам ќе им бидат надополнети и  ќе  можат да почнат со користење на картичките, односно да точат „еуродизел  за земјоделска механизација“.

“Преку оваа мерка, во овој момент опфаќаме околу 51 илјада земјоделци. Вкупната поддршка за оваа мерка изнесува 224 милиони денари. Ова се сериозни средства кои ги враќаме кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со оваа мерка којашто за прв пат ја воведе Владата од минатата година, се придонесува за намалуваме на производствените трошоци, со тоа земјоделското производство е одржливо, а кај земјоделците остануваат повеќе пари“- изјави министерот Димковски.

Право на користење на оваа поддршка имаат сите кои биле корисници на субвенции по Програма  2019- та година. Финансиската поддршка на платежната картичка зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои конкурирале земјоделците за субвенции во 2019 година.

“Со оваа мерка во овој момент опфатени се близу 51 илјада  земјоделци. Во струмичко зелена нафта ќе користат  5 илјади земјоделци. 

 Земјоделците кои имаат картички од лани, ќе можат да точат „еуро дизел гориво“  веќе од понеделник по 10 часот. Исто така и земјоделците кои прв пат годинава стекаа  право за добивање на картичка за  зелена нафта, веќе од понеделник ќе може да одат во Подрачните единици на МЗШВ и да  ги подигнат зелените картички. Во овој период земјоделците имаат најмногу трошоци за гориво затоа што сме во екот на берба, на жетва“- изјави директорот Бабовски

Безготовинската зелена картичка е персонализирана и е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на државата. Со картичката не може да се подигаат пари или да се купуваат други производи. Картичката може да се користи повеќекратно се до исцрпување на средствата. По првото точење на гориво, земјоделците добиваат сметка на која може да видат уште колку средства имаат на располагање на картичката, стои во известувањето од МЗШВ.

Continue Reading

Здравје

Рекордни 205 заболени од Ковид -19 и 6 лица починати

Виолета | Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Continue Reading

Избори 2020

Трипуновски: Жетвата на пченицата е веќе почната, цена за пченицата сеуште не е дефинирана

Виолета | Media Press

Published

on

Жетвата на пченицата е веќе почната а од она што го добивам како информација од земјоделците цена за пченицата сеуште не е дефинирана истакна Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при  денешната посета на стумичкиот регион.

Тој упати апел до Владата како што рече „во заминување“ да седне на заедничка маса и со откупувачите и со земјоделците за да се дефинира цената на пченицата како една од стратешките култури во Македонија.

Continue Reading
Advertisement