Македонија

Априлските пензии ќе се исплаќаат во четири групи

Пензионерите кои немаат картички ќе бидат поделени во четири групи, според висината на примањата. Целта е да се избегнат редиците пред банките.

Првата група пензионери со примања до 11.000 денари, парите ќе можат да ги подигнат на 27 април.

Втората група пензионери, пензијата ќе ја земат на 28 април и пензијата која изнесува од 11.001 денар до 14.000 денари.

Пензионерите кои имаат месечно примање меѓу 14.001 денар и 18.000 денари, пензија ќе добијат на 29 април.

И последната група со пензија над 18.000 денари, парите ќе земат на 30 април.

Владата на синоќешната седница, со цел полесно да се реализира исплатата на овој начин го задолжи ПИОМ податоците за пензиите до 23 овој месец да ги испрати до банките. Банките пак се задолжени да овозможат од 24 април, пензионерите кои имаат картички да можат да си ги подигнат парите од банкомат или да пазарат со нив.

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago