Земјоделие

Исплатени субвенциите за предаден тутун од реколта 2019, подигнувањето на шалтери ќе се реализира по азбучен ред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 19.050 тутунопроизводители, денеска исплати над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун во регистрирани откупни претпријатија за реколта 2019. Поради вонредната состојба предизвикана од КОВИД-19 и придонес кон заштита на јавното здравје Агенцијата, министерствата за земјоделство, за финансии, за одбрана и за внатрешни работи како и Народната банка подготвија соодветен модел за начинот на подигнување на парите, се со цел да не се создадат дополнителни гужви во сите филијали на банките низ државата.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,на денешната прес конференција  информира дека субвенциите се веќе исплатени на сметките на корисниците, и апелираше до тутунопроизводителите да се придржуваат кон начинот на подигнување на парите.

„Подигнување на субвенциите за тутунот ќе се одвива во четири последователни денови започнувајќи од 21 април, вторник, заклучно со 24 април, петок. За секој од овие четири денови е направен распоред на исплата според азбучен ред на презимињата на физичките лица тутунопроизводители и на правните лица. Оние тутунари кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што Министерството за внатрешни работи ќе има список според азбучниот ред“, истакна Димковски.

Можност за вадење готовина од банкоматите корисниците ќе имаат и од вторник до петок до 18 часот и покрај полицискиот час, во договор со Министерството за внатрешни работи кои ќе имаат списоци.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, изјави дека подигнувањето на субвенциите од шалтерите на банките ќе се реализира по азбучен ред.



„Сите корисници на финансиска поддршка за тутунот кои немаат платежни картички а презимињата им почнуваат со буквите: А, Б, В, Г и Д, средствата од шалтер во банката ќе може да ги подигнат во вторник 21 април. На 22 април (среда), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликантите на кои презимињата им почнуваат со буквите: Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, и К. На 23 април, (четврток), се исплаќаат субвенциите за тутун за апликантите на кои презимињата им почнуваат со буквите: Л, Љ, М, Н, Њ, О, П, и Р. Во петок се исплаќаат сите корисници на кои презимињата им почнуваат со буквите: С, Т, Ќ У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш“, рече директорот на АФПЗРР, Бабовски.

Министерката за финансии Ангеловска истакна дека средствата се веќе легнати на сметките на корисниците. Таа посочи дека за да се дисперзира ризикот и гужвата, банките во градовите каде се најголем број од корисниците на субвенции за тутунот, ќе работат со продолжено време, односно од 8 часот до 17 часот. Така сите експозитури на НЛБ банка во градовите Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино ќе работат тие денови до 17 часот. Воедно банката нема да наплаќа провизија за вадење средства преку банкомати на други банки. Експозитурите на Стопанска банка ќе работат до 17 часот во Прилеп, Битола, Радовиш и Струмица.

„Ќе апелирам, и во редовни, а посебно во овие услови, плаќањето со картичка е многу побезбедно, отколку плаќањето со банкноти. Потсетете се дека банкнотите поминале низ стотици, илјадници раце, а со картичката ракувате само вие. Ќе споменам и дека веќе се подготвувавме со Народната банка и банките за исплата на пензиите, кои опфаќаат 20 пати повеќе граѓани отколку исплатата на субвенции кај тутунарите. Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од април и исто така ќе се систематизира и дисперзира, со цел да се заштити здравјето на граѓаните“, рече Ангеловска

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago