23 пациенти излечени од Ковид 19, нови 107 дијагностицирани случаи
Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби се испишани 5 оздравени пациенти, а денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19:
Куманово – 44
Велес – 4
Кочани – 1
Скопје – 28
Дебар – 2
Струга – 1
Прилеп – 11
Гостивар – 2
Кичево – 1
Битола – 6
Кавадарци – 1
Тетово – 5
Штип – 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19. На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19.
Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6. Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.