Connect with us

Радовиш

Радовиш по дводневниот карантин, граѓаните излегуваат да ги завршат своите најнеопходни потреби

Avatar

Published

на

Радовиш  по дводневниот карантин денеска како да се враќа во нормала. Граѓаните излегуваат  да ги завршат своите најнеопходни потреби, пред банките нема некои поголеми гужви. Секоја гледа да си ја заврши работата и да се врати дома. Слично е и пред супер маркетите и аптеките, се чека надвор и внатре влегуваат по еден или двајца. Речиси секој грѓанин носи заштитан маска. Полицијата ги прави своите редовни контроли, но и контролира да не се собираат група луѓе на едно место.

Инаку граѓаните во целата држава викендот беа во 61 часовен карантин.  Во Радовиш буквално се слушаше тишината во ноќните часови. Преку денот се слушаше само звукот на машината која изврши аеросолна дезинфекција во градот.  Uтрово повторно има раздвиженост на луѓе и сообраќај по улиците. Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица – од 16 часот попладне до 5 наутро.

За претстојниот Велигден се размислува движењето во празничниот викенд да биде ограничено дополнително со уште еден ден, најверојатно понеделникот, односно забраната да важи од петок попладне до вторник наутро. Тоа вчера го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека овој предлог ќе се разгледува денеска на седница на Владата.

Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот. Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор своите милиеници  половина час, од 20 до 20.30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе