Струмица

Жителите на с. Банско со реакција: Се вози брзо низ селото, голем дел од возачите немаат возачки дозволи

Жителите на село Банско, во Facebook групата с.Бања Банско пишуваат:

„Почитувани со согласност на месната заедница и жителите од с.Банско сакаме да ве известиме за проблемите кои се случуваат во нашето село.

Имаме сериозен проблем во Банско бидејќи голем дел немаат возачки дозволи, исто така и сооб. дозволи за возилата, а истите се вклучуваат во сообраќајот.

Се вози доста брзо низ селото и ѓи „стартуваат“ своите автомобили со што го нарушуваат мирот и безбедноста на граѓаните. Овој проблем се зголеми откако во Банско почнаа да се населуваат од разни други села и градови и градат без никаква дозвола во нашето село.

Освен тоа се соочуваме и со кражби низ нашите дворови и куќи. Затоа апелираме до надлежните да се преземаат потребните мерки за справување со проблемот. Исто така предлагаме да се стави патна сигнализација т.е лежечки (полицаец) на повеќе места во секоја улица во селото.

Банско досега вакво ние не го паметиме. Затоа преку вас медиумите, ѓи известуваме жителите на Банско дека утре 13.04.2020 од 10:00 до 16:00 часот (во дворот на училиштето) ќе поткренеме иницијатива за собирање на потписи за ова да престане и надлежните да ни го вратат мирот и безбедноста во Банско.

Сите оние кои сакаат да се потпишат доволно е со себе да понесат лична карта. Ви благодариме… “

Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago