Барања за дозвола за движење граѓаните можат да достават до општина Радовиш
Во врска со Зклучокот донесен на Дваесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 10 април 2020 година, во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, според кој, Општинските кризни штабови за заштита и спасување не смеат да издаваат дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење територијата на државата, односно барањата само да ги проследува до надлежните државни институции (Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко оопштество и администрација), Општинскиот штаб за заштита и спасување ги известува граѓаните на општина Радовиш следното:
„Граѓаните кои имаат неопходна потреба за движење за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на општина Радовиш, а немаат регулирано досега дозволи за движење, да доставуваат барања до општина Радовиш, понатаму барањата ке бидат проследувани до Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко општество и администрација.
-Барањата да содржат: -лични податоци (име презиме, адреса, број на лична карта и матичен број) -опис на потребата за движење, -време на поаѓање и врќање (датум и час) -место на поаѓање и место на престој“, стои во известувањето од Општински штаб за заштита и спасување и градоначалникот Герасим Конзулов.
Барањата да се доставуаат до општина Радовиш, прием на барања на портирница од 14.04.2020 година од 08,00 до 13,00 часот, заклучно со 16.04.2020 година Контакт телефон:075-493-196 .