Connect with us

Македонија

ССНМ му пожелува брзо опоравување на Михајловски, новинарите да бидат заштитени

Media Press

Објавено на

По вчерашната објава дека наш колега е заразен со новиот коронавирус, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници уште еднаш апелира до сопствениците на медиуми да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство за заштита на вработените на работното место .Бараме редовно дезинфицирање на работните простории во медиумите и да се обезбеди соодветна заштита на сите вработени, а особено на медиумските работници кои известуваат од критични места како што се болници, медицински установи и слично, велат од ССНМ .

„Истовремено, на нашиот колега Гоце Михајловски му посакуваме побрзо оздравување и враќање на работа, а на неговите колеги кои беа упатени на самоизолација да ги почитуваат препораките на здравствените власти и да го издржат периодот на неизвесност кој е пред нив .Со овој пример уште еднаш се покажа дека по лекарите, припадниците на МВР и на Армијата, пожарникарите, вработените во услужните дејности, новинарите се една од најранливите и најизложените професии во услови на пандемијата на КОВИД-19 . Затоа ги повикуваме сопствениците на медиуми, но и самите медиумски професионалци да се прилагодат на новата ситуација и беспоговорно да ги преземаат сите препораки и мерки за заштита на работното место . Притоа апелираме сите медиуми кои досега не го прилагодиле и организирале работењето кон новонастанатата ситуација со КОВИД-19 тоа веднаш да го направат, бидејќи здравјето на луѓето и нивните животи се на прво место, бидејќи со непостапување се доведува во ризик и функционирањето на медиумите, а со тоа и информирањето на граѓаните“ велат од ССНМ .

ССНМ смета дека во вакви услови на работење со висок ризик за медиумските работници најавите на некои медиуми дека ќе ги намалат платите е недозволиво и неприфатливо . Ризикот кој го носат редакциите за непречено функционирање на медиумите и непречено информирање на јавноста не смее да биде казнето со намалување на платите, туку со наградување каде што тоа е возможно .

„Ги охрабруваме и колегите да пријават до Министерството за здравство доколку не се почитуваат мерките за заштита во нивниот медиум .

Потсетуваме дека борбата против оваа пандемија е невозможна без правилно, навремено и професионално известување и информирање на граѓаните, што значи дека медиумите, односно новинарите и медиумските работници се една од клучните алки во системот и затоа овозможувањето на услови за нивна непречена и безбедна работа се од огромно значење за општеството .

Потсетуваме на клучните препораки и совети за заштита на медиумските професионалци објавени од Меѓународната федерација на новинари:

  • Сопствениците на медиуми треба да гледаат на епидемијата како на здравствена и безбедносна криза и да ги исполнат своите обврски за грижа спрема нивните вработени;
  • Новинарите и другите медиумиски работници како и нивните организации треба постојано да ги следат препораките и советите на Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот, а кои се достапни на следниов линк: https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public
  • Во врска со ова, сериозно треба да се земе предвид можноста за работа од дома за да се намали можноста за заразување на работното место;
  • Новинарите и другите медиумски работници треба да ги бараат своите права на работа во здрави услови и да не одат на работното место кога таму има ризик за заразување со коронавирусот;
  • Опремата и канцелариите треба постојано да се чистат, особено кога се споделуваат помеѓу вработените;
  • Новинарите и медиумските работници кои контактираат со луѓе кои страдаат од болеста се советуваат на огромна претпазливост бидејќи со тоа е зголемен ризикот од заразување. Пример за ова е посета на медицински установи;
  • Се препорачува програмите во студио да преферираат телефонски или видео интервјуа наместо лично присуство на гостите со цел да се ограничи можноста за контакт. За интервјуата на отворено, пак, новинарите треба да користат продолжеток за нивните микрофони за да се придржуваат до препораките за дистанца и за да се заштитат од заразување“, велат од ССНМ.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе