Македонија
Со кратењето на платите на функционерите ќе се заштедат 3,9 милиони евра
Објавено на
Од
Media Press
Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата од 14.500 денари за сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори и сите други избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор
Заштедата по основ на оваа Уредба со која се опфатени 1.165 функционери и 895 директори на втора линија буџетски корисници изнесува околу 240 милиони денари за 2 месеци или 3,9 милиони евра.
“Одредбите од оваа уредба со законска сила се
однесуваат на пратениците во Собранието, Претседателот на државата, функционерите кои ги именува Претседателот,
претседателот на Собранието, функционерите и лицата кои ги избира или именува
Собранието, претседателот на Владата и избраните и именуваните лица од Владата,
градоначалниците и лицата кои остваруваат право на плата по престанувањето на
функцијата, согласно Законот за плата и други надоместоци на избрани и
именувани лица во Република Македонија, именувани лица од Владата кои
остваруваат право на плата согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за
пресметување на платата на функционерите“, велат од Владата.
Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на избраните јавни обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители. Кратењето на платите на функционерите е дел од владините економски мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19. За вработените во администрацијата нема да има намалување на платите.
Целта на донесената Уредба за определување на висината на платата на избраните,
именуваните и назначените лица во јавниот сектор на минимална плата во износ од
14.500 денари е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки
донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од
пандемијата на коронавирусот КОВИД -19.
Поврзани содржини

Влада: Професионализмот во медиумите не е опција, туку обврска

Поради топлотниот бран кој ја зафати земјава усвоени препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година

Прочистувачи на воздух за 49 општини меѓу кои и Општина Радовиш, обезбедени од Владата

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Владата смета дека е потребен нов државен авион, СДСМ за најавата вели дека е скандалозна и забегана

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

